Трипун, традиција, тертип

14ти февруари, ден кога се слави Свети Трипун, ден кога се подсетувам на човеци, Трајко, Ристо.
Македонија, земја на Народ кој сака традиции. Па така нешто и по третпат ако се случе, ОП! одма тоа е “ТРАДИЦИОНАЛНО“. И сега нормално традицијата е убава и добра работа, ама па мора ли да биде каа пред 20, 30, 50 години? НЕ! Македонскиот Народ традиционално ги прилагодува традициите на потребите, светските збиднувања и космичките влијанија.
Св. Трипун, знам, грешка е. Сега се вика Св. Трифун. Ама денот на кој Тато сам, или со тетин Ристе, ќе отидеа на лозјето, ќе а закопаа парата од погачата која се кршеше за Бадник, ќе закроеа ако е работна ден, или ќе поработеа дури можат ако е викенд – е тиа ден, баба тиа ден ни го кажуваше дека е Свети Трипун.
Денеска “ТРАДИЦИОНАЛНО“ Св. Трипун е веќе Св. Трифун (тоа со координација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија) па традицијата на закројување и со тоа почнување на теренските работи во лозарството се претвара во МАНИФЕСТАЦИЈА на презентирање на “кројачи“ од политиката, дипломатијата, естрадата, и уште шо ли не, пред сите електронски и електрични медиуми и пред собраните верници и партиици. А да! поповите на тиа ден исто така се супер активни, сега веќе кога црквата стана десна рака на државата или обратно, не смеат да се криат зад ноа “тоа е забрането од државата“…


Ете, и ние Македонците во дијаспората, го одбележуваме празникот на виното, ракијата, грозјето, лозарите или на шо беше??? Св. Трифун, може да се рече веќе “ТРАДИЦИОНАЛНО“. За закројување, се наоѓа по некоја лоза, а најногу настрадуват кубаските и ќебапите. Нормално како Македонец си обврзан да ја негуваш традицијата – било каде и да си!!! Па така ракија кај Славе, вино кај Велин и со “бистра“ глава дома. Оти виа тукашните чичко милицајци не разбират од Св. Трипун и ТРАДИЦИЈА.
И бидејќи Св. Трифун па и тукашниот Св. ВалентаАаајн, уште не се државни празници, си работеме. Но во духот на Св. Трифун ја кастреме оградата – маказите да секат важно!!! Си работеме не толку креативна работа ама пак за тоа има време да се подсетиш на двајца доста креативни човеци кои не напуштиле на овој ден. Ни на едниот, ни на другиот не му стиснав ни лике или ни ноа РИП – ама ете вчера беа подолго во моите мисли, па си вртев “фимови“ за моменти кои и ако не толку ногу, сум имал чест да бидам во нивно друштво. Слава им.
И така додека “ТРАДИЦИОНАЛНО“ убавите човеци прерано не напуштаат, ни мора да се расправаме со човеци кои сај брзат! Демек нивната работа/мисија е најважна на светот. И секогаш наново се сретнуваш со ноа традиционалното “ама знаиш, тоа е ногу битно одма да се сврше, направе. Немаме време за чекање.“ И од кога ќе а свршиш работата за нив, одкажувајќи се од твоите потреби. НИШТО.
Ни едно фала, ни едно добро, го добиме тоа шо ни го прати…
Ебати тертипот.
Исто така една друга работа ме натера да размислувам за традиционалното ценење на туѓото и на “преправеното“. Бегањето од основите на традициите, на основите на сите работи и поминување на ценење на работи кои се “нашминкани“, сензационализирани, и јако фарбани … “ТРАДИЦИОНАЛНО“ ќе си патиме.