Брисачи

Брисачите од колата у пазамарката, боневи за бензин, пар-непар денови за возење, ремонт на 100 000 км, …
Има такви работи кои никако да ги забораве виа мозок кој полека заборава и шо било летоска.
На времето сите работи ги разбираме од “Нова Македонија“ радиото, телевизијата (по едно за секоја република) и од мазните весници шо идеа на трафиката (“Ауто магазин“ и “САМ свој мајстор“). И секако најверодостојните информации, поуки и совети – од чаршијата.
А денеска, денеска за сѐ шо ти треба “www“!!! А таму, исто каа на чаршијата, од мајстори до драпаџии, од романтичари до забегани. Секаде човек треба да си “отворе очите“.

Пред некој ден, на една од којзна колкуте стотици телевизии, кажаа дека брисачите на колите (кои веќе не ги носиме по пазамарките, оти сеа палтињата имат џепови само за мобиљки – интелегнтни телефони!!!) они неморале да се мењат каа не бришат убаво. Доволно било да ги исчистиш убаво, да ги стругниш со гланцпапир и да ги “подмачкаш“ со силикон!!! ТРИ ДЕНА ГИ ПЦУАМ, мамицаму да а …
Ама јас сум си крив, арно си знам дека силиконот само за други работи го бива. Јас сум ногу добродушен, верувам на сите. Дури и на ниа шо одкриле дека на Нов Зеланд пред 59’000’000 години живееле пингвини големи колку човек!
БРЕ! Како израчунате 59’000’000??? оти ние 60 или 55 милиони? Ама се гледа дека научниците се од америката, таму цените се секогаш ххх9.99!
Па така после повеќедневно нервирање и незнам колку проби со сите течности шо растварат нешто, колку толку пак може да си ја возам колата без да ги пцуам виа од телевизијата.
А шо да кажам, јас мислам дека виа шо прават брисачи знаат шо кола ќе купам па само мене да ме заебават, БАШ таа големина е дупло поскапа од “нормалните“! А и тоа брисачи ли се, ѓоа црева, сај се виткат, шкрипат, тропат, ама да избришат нешто?!?! ЈОК! Не да ги носиш у пазамарката, и 100 денари да им врзиш не ги зима никој! Порано тоа беа брисачи, една големина за Фиќо, една за 101 и една за сите други ПеЗетки, Лади, Фиати… и бришење, крмнак од 378 кила да се залепе на шофершајбната ќе го изгребе у два пати. А сега, еден комарец да се залепе на шофершајбната со саати сај ќе го размачкува по џамот…  мислиш  брисачите ги прават ниа друштвата за заштита на комарци и дуги штетни и корисни инсекти.
Ништо, “поминувачка нека има“. Сега зомото ќе го претераме со тиа брисачи шо ги имаме, нека ја гребат солта, а на пролет ќе си купам пак (со надежд) најубави брисачи за да три недели после тоа пак почнам да ги пцуам тиа шо продават срање. А не е дека не сум напишал на тиа “признати и прочуени“ фирми дека прават сѐ повеќе и повеќе само шкарт! Мислиш ги интересира нив моето мислење?!?!? Они па си штанцат продукти у Кина, си наплаќаат по европски и шефовите си живеат светски!

И така иде крајот на ваа година со број 2017. Година за заборавање. Ама година која ќе а памтиме. Една од ниа не ногу убавите. Затоа и се радуваме на најновата уште не дојдена. Си обеќаме дека у НОВАТА ќе бидиме попаметни и ќе го користиме времето поинтензивно. И ќе се молиме на чичко Господ да биде со нас и со нашите мили.