31 ден

“ѓаволот е влезен у него“, е тоа коа ќе го доживее човек ќе виде дека има стварно такво нешто.
Од ништо работта “станува“ катастрофа. Излез не гледаш. Докторите викат мисли позитивно.
Викат и да човек ги пише убавите и ги пише лошите мисли. Проблем е шо од тиа убавите мисли ептен малку имаш у вакви моменти.
А од тиа другите, лошите и за извоз!

Еве напишав некој збор за почеток, може ќе имам мотивација да напишам уште повеќе, некогаш …

Ќе ги фаниме на кондиција!!!

Картата на работата ја завртиме, пола месец веќе сме го изштемплале.
И пак некој ветер од орканска брзина ги тресе капаците на џамовите од канцеларијата. Денеска, дефинитивно, не се работе надвор.
picasa, да средиме фотографиите малку.
И тука гледам колку убаво ми почнала годината 🙁

76 фотографии (од кои 53 се од огнометот на 01.01.), да, за да фотографирам треба да ми се уклуче меракот. Ама моментално до ништо не ми е.
Годината почна како шо заврши наа другата. Болката у увото која ја препишав на авионот, наместо да се намалува, од ден у ден се повеќе ме маче. И после неколку посети по екимите мора да продолжам со наа оптимистичката, ќути, ќе биде поарно…

И така времето си врве, а мене не ми ни до сликање, ни до навивање, ни до кудење. До душа за фотографирање не е ни ногу погодено времето, или човек треба да оде на места над маглата, ама нешто не ми се шета.
Да навивам за МАКЕДОНИЈА, незнам зошто?!!? Уште у четврто оделение не ми беше јасно како некој (и ЗОШТО???) навива за Ѕвезда, Партизан, Хајдук, па и за Вардар или Тиквеш !?!?!? И до ден денешен не ми е јасно како некои човеци се “палат“ на успесите или неуспесите на други човеци. Шо имам јас од некој си Роџер Федерер ако победе? (добро, до пред некој месец дури беше жител у истиот кантон како ние, можеби он ќе платеше повеќе данок па ни ќе платиме “5 франака“ помалку…)
Моментално владее еуфоријата со ракометарната репрезентација на Поранешната Југословенска Република Македонија. Победиле (некако) два натпревари. И сега се они наши амбасадори, херои, суперменови… се до утре дури ѓерманците не не тратат во реалноста. Ете и да победат. И да бидат прваци, у тоа шо го играат. Шо имам јас??? Сум суров? Сум глуп? Не а разбирам работата? Или сум само реалист? Да, ќе се лафе за Македонија, ќе се лафе за Поранешната Југословенска Република Македонија. Арно.
За таа Поранешната Југословенска Република Македонија, која сака да биде Македонија ама ни самата не знае како и зошто. Пред некоја година, пак таму, во некоја жупанија во Република Хрватска, играеа со таа топка! Таканаречената “Македонска фаланга“ го распосла знамето црвено, со жолтото шеснаетзрачно сонце, сонцето од Кутлеш и сите беме горди и поносни (кој повеќе кој помалку) шо ете кажуваме кој сме и шо сме. А сега вентилаторот! Си легнаме на брашното… Утре и Поранешната Југословенска Република Македонија ќе а прекрстат у Горна или таква некаква Македонија ќе си изнапишиме статуси по фацебукот и сл. и после некоја година дали горна, северна или било каква ама баш преку долниот ќе ни биде како ќе не крстат…
А и да ги кудиш и пцуиш, шо од тоа? Кој мене ме прашува шо сакам и шо мислам. А и кого прашале? Кој кого прашал дали сака у НАТО или у ЕУ???
Ама со тоа ногу убаво се фарбат и шарените – ако влезиме у ЕУ и во НАТО тогаш ќе а управиме сета во Поранешната Југословенска Република Македонија.
Голем е стравот мој, ако ако влезиме у ЕУ и во НАТО дека здраво ќе ни влезе!!!
Ама ајде, ќути, ќе биде поарно…
Белки ќе помине ваа болката у увото (или барем ќе разберам шо е) и белки ќе сванам некои работи од виа денешен шарен свет.

Ристос се роди … !

Ете, ги пребродиме и тие празници. Ги истераме и по посланиета од Стариот и од Новиот завет, а најповеќе по “Посланието на Фацебук“. Кој како се снашол и знаел ги одбележи овие денови на душевен мир, достоинствено забележано на фацебук, месинџер “& co“.
Поповите викат не палите оѓини за Коледица, Божиќ, градоначелниците “благословуваат“, а “верниците“ се приморани да најдат некоја средина помеѓу сите вие “светци“ и будното око на социјалните мрежи!
Да денеска и ја бе у црквата. А таму, илјадо и кусур верници, шо ете денеска и они сакале да ја посетат црквата. Прекрасна е таа гледка. Толку Македонци на толку малку место. Ама тука исто како и секаде каде има маса на човеци владее анархијата или поточно речено локалното верско воспитување. Како што у Швајцаријата “од Кантон до Кантон е различно“, така и у Македонијата од село до село е различно верското учење и обичаите.
Абе чичко попови, до сега не успеате да не научите како е редот, ама ајде еднаш и ви договорите се како треба, напишите едно упатство и да почниме од негде.

2018

Мили мои роднини, приатели, познаници и посетители на оваа страница,

Ви посакувам многу здравје во Новата 2018-та година.

Сето друго, радост, среќа, пари, успеси и ред други работи шо се посакуваат во овие денови и моменти, неможам да ви пружам.
Џабе е јас да кажам. СЕТО тоа е во ваше раце. Потрудете се, ставете си цел и засукај те си ги ракавите!

И оваа година како сите до сега не чекаат предизвици, проблеми, обврски…
ама наше е дали од сето тоа ќе испадниме по среќни и по поносни или уште ќе а тепаме наа “традиционалната“:
“Ќути, има и полошо…“

01.01. понеделник…

Испратиме уште една бројка шо се вика година. И за крајот на годината си дозволиме мала прошетка до братскиот и пријателски народ од Балеарскиот остров Мајорка. Одморот планиран како никогаш до сега, резервирано уште со месеци унапред и испланирано подобро од било кога до сега. Тикви.  Рачунот го направиме без еволутивниот момент “банкнотирање на авиопревозници“.  Од моментот каа резервираме одморче, до моментот додека тргниме неколку авиопревозници останаа без крилца…
Па така планираниот одмор испадна авантура. Прво со автомобил до Ѓерманијата, од каде леташе уште не пропадната фирма, па на враќање пак преку таму. Значи припремите, беа продлабочени со собирање на сите документи (карти, резервации, информации) и во електронска форма ставени на “мобиљката“ за да бидат при рака. Активирање на роминиг, програмчиња за преведување на шпанскиот јазик, оФлине патни карти, и ред други работи…
За да на крајот после два саати возење приметам дека – “интелегнтниот“ телефон останал дома – ич не интелегнтно!!!
Ништо. И така си слетаме на аеродромот “Son Sant Joan“, без адреса и име или место на хотелот. За среќа како “резерва“ си ја зедов и навигацијата со карти од пред едно 7-8 години… По сеќавање (гледаме по интернетот каде е хотелот) го одбраме местото каде е хотелот и во автомобилот па на другиот крај од островот. Местото го најдоме, хотелот исто така само шо на вратата од хотелот пишеше: “НЕ РАБОТЕ“ (на шпански 😉  )
За среќа пишеше и у кој хотел да се јавиме за информации. И така, после малку нервози и стресови почна долго очекуваниот одмор…
Мајорка како Мајорка, солидна летна дестинација за одмори од врстата лежи на плажата, бањкај се у моорто и јади колку сакаш! А во “зимо“ прекрасно место за прошетки, по старите градчиња, по излетничките места, и за густирање на разноврсната локална кујна.

Па така уште првиот ден почнаме да ги шетаме и одкриваме селата по островот. Од првиот ден ни остана врежан ветерот кој дуваше квалитетно и едносмерните улички во старите градчиња и села…
Возејќи по старите, тесни но сепак убави и чисти патишта и патчиња приметиме дека никој никаде не се брза, не слушнаме да свирне или недај боже ни “покаже“ како треба да се возе. Значи толку пријатен и стрплив народ до сега не сме сретнале…
Келнери у хотелот кои не работат за бакшиш трчеа и му угодуваа на секој гостин цело време насмеани и спремни да претумачат шо бараш од нив!
Е од тиа вид на створења треба да увезиме у Македонијата!!!
Така шеташ по островот гледаш како работат и шо, и со секој момент се руши ноа со години граденото, дека Македонија има нешто “специјално“  🙁

Ќе видиш и ќе утврдиш дека други човеци на друго место, работат, стварат, и ЧУВААТ нешто што не го продават како “специјално“ ама се горди шо го имат тоа “НОРМАЛНО“ – ама нивно.