01.01. понеделник…

Испратиме уште една бројка шо се вика година. И за крајот на годината си дозволиме мала прошетка до братскиот и пријателски народ од Балеарскиот остров Мајорка. Одморот планиран како никогаш до сега, резервирано уште со месеци унапред и испланирано подобро од било кога до сега. Тикви.  Рачунот го направиме без еволутивниот момент “банкнотирање на авиопревозници“.  Од моментот каа резервираме одморче, до моментот додека тргниме неколку авиопревозници останаа без крилца…
Па така планираниот одмор испадна авантура. Прво со автомобил до Ѓерманијата, од каде леташе уште не пропадната фирма, па на враќање пак преку таму. Значи припремите, беа продлабочени со собирање на сите документи (карти, резервации, информации) и во електронска форма ставени на “мобиљката“ за да бидат при рака. Активирање на роминиг, програмчиња за преведување на шпанскиот јазик, оФлине патни карти, и ред други работи…
За да на крајот после два саати возење приметам дека – “интелегнтниот“ телефон останал дома – ич не интелегнтно!!!
Ништо. И така си слетаме на аеродромот “Son Sant Joan“, без адреса и име или место на хотелот. За среќа како “резерва“ си ја зедов и навигацијата со карти од пред едно 7-8 години… По сеќавање (гледаме по интернетот каде е хотелот) го одбраме местото каде е хотелот и во автомобилот па на другиот крај од островот. Местото го најдоме, хотелот исто така само шо на вратата од хотелот пишеше: “НЕ РАБОТЕ“ (на шпански 😉  )
За среќа пишеше и у кој хотел да се јавиме за информации. И така, после малку нервози и стресови почна долго очекуваниот одмор…
Мајорка како Мајорка, солидна летна дестинација за одмори од врстата лежи на плажата, бањкај се у моорто и јади колку сакаш! А во “зимо“ прекрасно место за прошетки, по старите градчиња, по излетничките места, и за густирање на разноврсната локална кујна.

Па така уште првиот ден почнаме да ги шетаме и одкриваме селата по островот. Од првиот ден ни остана врежан ветерот кој дуваше квалитетно и едносмерните улички во старите градчиња и села…
Возејќи по старите, тесни но сепак убави и чисти патишта и патчиња приметиме дека никој никаде не се брза, не слушнаме да свирне или недај боже ни “покаже“ како треба да се возе. Значи толку пријатен и стрплив народ до сега не сме сретнале…
Келнери у хотелот кои не работат за бакшиш трчеа и му угодуваа на секој гостин цело време насмеани и спремни да претумачат шо бараш од нив!
Е од тиа вид на створења треба да увезиме у Македонијата!!!
Така шеташ по островот гледаш како работат и шо, и со секој момент се руши ноа со години граденото, дека Македонија има нешто “специјално“  🙁

Ќе видиш и ќе утврдиш дека други човеци на друго место, работат, стварат, и ЧУВААТ нешто што не го продават како “специјално“ ама се горди шо го имат тоа “НОРМАЛНО“ – ама нивно.