Пролет, сонце, топлина …

Ете не огреа сонцето. И сѐ почна да цвета. Па и јас, се размрдав, се развозив и полека пак почнаа да штракат фотокамерите. Да у последно време немав ногу мерак да фотографирам. За убава фотографија требат убави и не оптеретени мисли. А кога природата се разбудува, расцветува дава нова надеж за убави работи.

А во последно време не само фотокамерите, ги разработив и видео камерите. ДА, имам намера да направам еден убав проект со видео и фотографии. Лани поради временските услови не ми успеа, се надевам дека оваа година ќе имам повеќе среќа. А и се спремив подобро, набавив подобра камера. Не е најдобра ама најфалена е! И а вежбам. И како и за сѐ досега пак идам на заклучок дека ако е фалена работа немора да биде добра или најдобра.

Ама чичко американците си ја имат разработено таа продажна стратегија со векови. Не мора да направиш најдобро нешто, треба да направиш НАЈДОБРА реклама па после сите ќе веруват дека е таа така…
И интересно е шо човеците (вклучувајќи ме и мене) уште паѓат на тиа шеми, и тоа во 21 век и у време на интернет и компанијата.

Каа деца у Кавадарци ги доживуваме и соживуваме трките со мотори. Во тоа време не ни беше ни јасно дека тоа се машини шо биле врвот на тогашната технологија. “Осите“ ни беа најомилени и најпосакувани мотори. Тоа ти е.
У тогашно време сѐ се именуваше по најпознатите марки, осите беа сите тркачки мотори наречени по шпанската марка “OSSA“, сите багери се “Либкер“ по најраспространетата марка у тоа време у Југославија LIEBHERR, сѐ шо е теренско возило е Џип, и ако JEEP намлку го има… и така.
Значи ОССА беше поим во тркачкиот циркус во ’70-тите години во Југославија. Ама после почнаа да се упикават јапонците па со добра реклама а пропаднаа ОССА.
Пак ќе се навратам на американците. Они со години, море веќе повеќе од еден Век, си работат систематски на ствварање на сцена, на која они се тиа шо се најдобри. Они си го створија Холивуд и после од таа фабрика ни шират продукти кои го манипулираат нашето мислење. Смешно? Размислите малку.

Ете, јас уште одолевам на нивните реклами, ама не е можно без нив. Та не се само таму, та не работат само они, ги има низ цел Свет и имат насекаде нивни слуги. Ќе се дистанцирам од нив колку може, ама…

Викенд. Го палам моторот (од Ѓ ерманско) производсво и почнувам да ги газам патиштата по Швајцаријата. Уживам во пролетта која почнува да се покажува во сета своја убавина (освен ноа со поленот – тоа не го сакам ногу J ) и поминувам саати во непосредна средба со природата која никој неможе да ја “заштити авторски“! Природата која е за сите нас тука. Природата која ни дава толку убави работи и моменти. И да ние, човекот, не сме толку идиоти ќе ни даде уште повеќе.