Патување

Ете, помина уште една посета на нашата сакана Македонија. Овој пат по подолго време пак со автомобил ги согазиме 1758 километри у еден правец до Македонија. Македонија која сакат да ја прекрстат во “северна“. Дека тоа изуопште не им е имислена, почуствуваме првите денови. Крајот на јуни, а температурите и времето ѓоа ноември месец.
Но тоа беше добредојдено да се завршат некои работи у куќата и да се посетат неколку културни настани шо се случуваа тие денови во Кавадарци. А тоа интересно. Јес да Цирих има огромна понуда на културни збидувања, ама не верувам дека има една институција, која како Домот на културата »Иван Мазов Климе« во Кавадарци во една недела понудува 7 (со букви, седум) различни настани. И така се дружеме со убави човеци…
При тиа средби, дали од почит, дали од шо нема време, некако никој не дојде ред да правиме муабет за актуелната ни политичка каша. И мене тоа најногу ми одговара. Оти пак ќе слушав филозофии од типот: “дојди ти туа живеј и после расправај како треба да биде“… Дури застрашувачки делува “ладнокрвноста“ на Македонскиот Народ кој како Џон Вејн у најубавите каубојски филмови со око не трепнува дури и кога 27 пушки и пиштоли у него се уперени!!! Ама тоа е филм, Џон Вејн секогаш победуваше!

Тие денови дури беме у Македонијата, прошетаме малку. Нели и кола имаме на располагање малку и поопширно. И така возејчи по тоа парче земја, наречено Македонија, запазуваш дека некако сме си се изгубиле во сегашноста или поточно некаде помеѓу минатото и иднината. Оти никој не се труде (или ногу малку се такви) да направе, створе, да живее во сегашноста, тука и сега. Сите нешто расправат од времето на Александар до наму некаде далеку каде Жан-Лук Пикард ја смирува галаксијата…
А да. Каа возиш по Македонските патишта и за тоа одбележаните или загазените површини, човек треба да си ги отворе сите сетила, очите најногу! По тиа патишта “сретнуваш“, се разминуваш, со еден куп човеци кои немале баба. Иначе како ќе го претумачиш нивното возење по средина на патот? Мене баба се ми викаше: “чедо, полека и по крајчето!“ А возењето по средината на патот е правопропорцијанална од вредноста на возилото во очите на возачот кој го управува. Шо поголема и поскапа кола толку повеќе ИМА ПРАВО да вози кај сака… грехчиња.
Прошетаме и отидоме на неколку “извикани“ ликации низ Македонијата. И после секоја прошетка требаше да одговориме на: “и, како ви се допадна?“
А шо да каже човек, (без никакви лигавешки намери), кој за НОРМАЛНО го има Швајцарскиот стандарт??? Тука ќе прекиниме со виа муабет да не забега…
Исто така, уште не сватливо е како таа имагинарната “уринална линија“ која е некаде доста точно каде што почнува балканот и никако да се поместе. Со години!!! Влеваш во ресторант во Скопје, и колку и да изгледа чисто, смрде. Влеваш во најобично, мобилно, провизорно ВеЦе (модерен нужник) у Аустрија – и чуствуваш свежина, или барем не осеќаш смрѓава…
И така како и секое идење до сега, поминува брзо и се враќаме во секојдневието со нови импресии и со некое кило повеќе 