На теана ќотек…

Еве го туркаме едно од пожешките и најсувите лета во Швајцаријата. Од кога нема заврнато тука кај нас, незнам точно да кажам, ама се осеќа како да е 100 дена. Нормално, на почетокот ни беше убаво (а и уште ги користиме убавите страни) ама полека станува да биде досадно. Пред сѐ, се удавиме у прашина. После и тоа топлото (жешкото) не е баш најдобро за возење мотор 😉
А до душа, моторот воа лето убаво го искористив. Преди 20 и кусур години, каа почнав да ги возам планинските превои низ Швајцаријата, колку убави, толку и застрашувачки беа за мене. Не само шо обично патчиките беа тесни, криви и не баш најдобри, ногу повеќе заради осаменоста и осеќајот дека си изгубен у таа моќна природа! Немаше ногу човеци, дали со мотори, дали со коли да возат по нив. Годините поминаа, патчиките ги изнаправија феноменални, ама сега има од точаци, преку мотори и коли, до автобуси полни со косооки… гужви.
Се сменија и возачите на мотори. Тогаш имаше моторџии. Човеци каа мене, шо ги сакат моторите и од каа ќе се качат на моторот заборават на сѐ и сешто и го уживат возењето во непосреден допир со природата. Каде возиш, каде ќе стигниш (освен жив и здрав дома да се вратиш) не ти е никогаш важно, едноставно го уживаш тоа време на моторот. Да, моторџискиот поздрав не е морален ама беше знак за респект и подршка. После неколку филмови, у Швајцаријата почна секој да возе мотор, нели модерно е! И така имотните адвокати, докотори и останатаи МАЖИ наоѓат спас од климатериумот на моторите, без да имат представа шо е да си моторџија… Порано каа ќе видиш некој моторџија паркиран до патот и завртен у сенката, знаиш дека си обавува физиолошка потреба. У денешно време две третини од тиа таквите штракаат по телефонот-интелигентен обавувајќи ги социјалните обврски (фацебук, инста & co.)

А за фацебукот (на кое поле сум доста активен  🙂 ) шо да ви кажам.
» ЈАС ГО РАЗБИРАМ ФАЦЕБУКОТ КАКО ПОЛЕ ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКАТА ГЛУПОСТ!!! «
Го пратам и читам фацебукот и ми иде наа мислата на чичко Ајнштајн: “Само Универзумот и човечката глупост се безконечни, но за Универзумот не сум сигурен.“
Читам и си мислам како може суштество шо се нарекува човек да биде толку глупо, сурово, празно??? Скриени зад тастатурата, мониторот, а некои и зад лажни профили, си зимат за право да вреѓат сѐ и секого само ако не си у нивниот правец.
А бе глупи, чичко Цукерберг вика дека имал 2’000’000’000 (со букви: две милијарди) штракачи. Мислиш дека некој го забележува или трпи вашето глупирање??? Грехчиња.
Само за тиа “неписмените“: интернетот НИШТО не заборава!!!
И така додека ни меѓусебно си се вреѓаме и пцуиме, некои, тие шо не донеле до тоа дереџе да се пцуиме, си “се ладат“ и си “жниат“…