Гроздоберачите

Седиште 2Е, лет W6 7731, за некоја минута авионот ќе се одели од земјата која уште се нарекува Македонија.
Да, пак беме на привремена посета на татковината. Споиме посетата на најблиските, шетањето и демек најголемата манифестација у Македонија »Тиквешкиот гроздобер«. Овој пат за првпат во ерата на најновиот градоначалник кој во првите месеци од неговото чиноначалствување стори работи за градот колку сите други заедно. Си реку, нели анкети, предлози, фајцбукови… ќе а управиме работта. ТИКВИ.
Петок, 7ми септември, почеток на гроздоберот. Убава собранија у галеријата при домот на културата. Човек, кавадаречки, со промоција на книга  за и околу виното. Ептен лепе работта. Убави човеци се собралe, вкусно вино спремно и говорница декорирана со кошничка полна гројзе.
И така го курдисаме гроздоберот 2018. После тоа, некоја си трка на келнери…  интересна замисла. Ама замислата интересна, другото….

4, (со зборови : четири) не 40000, не 50000, не 200000, толку употребувани бројки виа денови. Едноставно 4. Толку корпи за ѓубре забележав на и околу плоштадот каде се очекуваа да дојдат 100000 посетители!!!
И после штандовите со вина, наместо презентација на вина, продажба со надуени цени. Некои вина, по белосветските интернет продавници  може човек поефтино да ги набаве…
И после циганте од струмичко, каа почнаа да дуват у тоа шупелките, чудо.
Незнам, може сум носталгичар, можеби неможам да ја сварам ваа новокомпонована ситуација, преполна со шминки и фарби, ама и овој пат, Тиквешкиот гроздобер за мене беше неуспешна приказна под облаците.
АМА, пак ќе дојдам јас и другпат. И пак ќе се надевам дека ќе се најде човек или човеци шо сакат да направат вистинска приказна. Ќе дојдам за човеците, за моите пријатели кој ги има и кој сакат да направат нешто од таа флека наречена Кавадарци.
Ќе му се радувам на моментите поминати на маса си десетка со кромид пиво и  бесцени муабети.

ГРЕВ е да се рече или напиши дека сѐ беше лошо. Скраја да е! Ме бендиса, желбата да се направе убава приказна. Ентузијазмот на зaмешаните човеци, концептот кој полека заличува на убав панаѓур, интересно е!

И најинтересно, човеците. Некако порелаксирани од било кога до сега. Барем така мене ми личеше… Се извидоме со ногу (не сите) човеци и тоа, тоа е тоа шо секојпат не тера да си дојдиме барем на неколку денови у ГРАДОТ Кавадарци.

А, да! грозје на “гроздоберот“ видов уште еднаш – на карневалското дефиле, една кошничка…