Денови на лебдеење

Има такви денови, недели, кога човек занемарува ногу работи бидејќи мисле дека зависат од некоја работа која ќе се случи или па не.

Така и кај мене. На една недела пред фамозниот 30ти септември, денот кога ќе не биде или не. Така викат СИТЕ. Кога викам сите мислам и на #ЗА и ниа #БОЈКОТИРАМ, и на нашите и на вашите, и на патриотите и на предавниците, и на македонците и на МАКЕДОНЦИТЕ, и тиа у Македонија и тиа шо не се у Македонија …., ете тиа денови ми поминуваат некако во транс, исчекување, мечтаење, лебдеење де. А како бонус на сето озгора и некој грип кој не е грип.

Уште на прва! Јас веќе имам “Две татковини“!
Со месеци, повеќе од година, не ги пратам политичките збиднувања у Македонија. Дека човек може да се изолира од таа работа е утопија. До пред некој месец и можеше да не забележиш или со блокирање на неколку “пријатели“ колку толку неполитчки да се движиш по интернетот. АМА од пред месец два, не функционира и тоа. Оти и ако ги блокираш сите приатели, пак ќе се најде некој натпис кој незнам како ќе ти светне на ѕидот.
И се предадив. Не блокирам никого, ама не ги читам сите шо пишуват сѐ. А има шо да се прочита, наитересно е кога ќе си ги одкријат длабочините (плиткоста) на душите – грехчиња.

Како ќе биде на 30ти, тоа го знаат само чичковците шо го измислиле.
Јас нема да гласам на 30ти оти тука, у мојата втора татковина, на 30ти нема гласање (имаме гласање на 27ми и изгласаме да и велосипедските патеки во Швајцарија бидат под контрола на државата, не на општините и кантоните како до сега.)
Јас не бев у мојата татковина кага се гласаше за ногу работи, а од кога ни дадоа можност од едната татковина да гласам за другата татковина, некако ми беше неозбилно. Како јас да гласам за нешто шо не го разбирам / доживувам?

Тоа, дека работите, изгледаат инаку од страна го разбрав уште преди ногу години кога имав и пари и ентузијазам да вложам пари у Македонијата и да створам нешто. Тогаш еден добар другар ми рече: Другар, тука работите се забегани, тука сите од кои шо ти треба молба се в’ци и едвај чекат зајче како тебе да го “заколат“…
А плус одстрана работите кои ги гледаме, човеците у средината инаку ги доживуваат / осеќаат. Тоа јас го нарекувам “Ефект на нужник“!
Сигурно и ногу од вас го има доживено “Ефектот на нужник“. Дали со весник или помодерно со интелегнтниот телефон, влеваш у нужникот и човечки се олеснуваш. Јас  не сум од ниа брзите, понекогаш можам и по 5 – 6 страни од PCtipp, Fotohits или BMW Motorrad да прочитам. Си читам и мака немам, дури и сѐ помалку притисок чуствувам 😉
Завршуваш шо завршуваш нужда и испаѓаш од нужникот. Е сега! АКО си го заборавил весникот у нужникот и се вратиш да го земиш, тогаш ќе осетиш у шо смрѓава си читал весник!!! Тоа е “Ефектот на нужник“, дури правиш срање и не испадниш на чист воздух не ни осеќаш у шо смрѓава си бил…
Затоа секоја година се помалку и помалку пробувам да ги убедувам човеците у мојата прва татковина дека тоа шо го работат и ако за нив изгледа добро одстрана не е така…

Имаше еден период кога Гого се приклучи во Македонцките работи у Швајцаријата. Со тиа верглања запознав од поп, преку епископ до господин господин, од писар у некое министерство до премиери и претседатели…
И у тоа време разбрав дека СИТЕ тиа се луѓе (човеци, неможам да кажам за сите).
И така сега имам пријатели и другари и од #ЗА и од #БОЈКОТИРАМ и се надевам дека така ќе остане и после 30ти.
А слободното време и понатаму ќе го трошам за убави ЛИЧНИ работи.

А да имаш пријатели и другари убаво го покажа и нашиот престој во првата татковина и Кавадарци за време на традиционалниот и СВЕТСКИ познатиот »Тиквешки гроздобер«.
»Тиквешкиот гроздобер« кој еве со најновиот градоначалник малку (не требе уште ногу) заличува на гроздобер.
Јас би му препорачал/предложил на тиа шо го прават/организираат гроздоберот пред да почнат да мислат и работат околу организацијата на гроздоберот, да земат еднен лист “хамер хартија А0“ напишат на него со големи букви ГРОЗДОБЕР и го залепат тиа лист пред тимбата, за да можат кога не мислат, тоа да го гледат.
Можеби така ќе им текне дека гроздобер се праве за грозјето! виното! ракијата! и ред други работи шо се добиваат од грозје!!!
Можеби ќе дадат приоритет и пари, на сите винарии дали тиа биле гиганти, средни или мали винарии, да се представат пред гостите кои ќе дојдат заради виното, а не за некоја си певаљка.
Да, можеби првите 3, 5, 10 или може и никогаш, ќе неможе да им се фалиме на Прилепчани и Велешани кој повеќе народ собрал на селската манифестација, АМА наместо 50000 тажни души, можеби ќе дојдат 5 кои ќе купат од гигантите, 50 од средните винарии и 500 души од малите производители, можеби, треба да се проба. Ама СИТЕ ќе имат повеќе есап од тоа.

А да имаш пријатели и другари, да убаво е. Поготово за време на »Тиквешкиот гроздобер« кој оваа година, за разлика од досега посетените, беше стварно убаво организиран барем за дружење со убави човеци.
Милицајското паркче – убавини. Повеќе музика не треба.
Карневалот денски !!! СУПЕР.
Еден куп попратни дешавки, уживанција.
Едноставно предизвикува на ПАК!
ДА. Тиа моменти на безгрижно дружење  со убави човеци го прават гроздоберот СВЕТСКА манифестација …

п.с. од видено:
и во мојата втора татковина има вински региони,  не се големи колку Тиквешкиот вински регион, ама има. И у секој  регион има толку лозари колку шо можат винарите да преработат. И секаде се слави  виното и грозјето.  Ама имаат една застарена навика, да го одбележат, му дадат почит на најдоброто вино, на најголемиот грозд, да одберат “винска убавица“, да …
(е немат певаљки од странство)