есен…

TELEFUNKEN – от совесно како секое утро во 5 и пол се јави со првите вести.
Да, не разбудуваат звуците од радиото, не како у цртаните филмови ниа будилниците шо се траќат. Па така и денеска денот ни почна со најновата вест: некои научници оДкриле дека у човечкиот измет има честички од пластика, од различни пластики!

И така уште не салам расонет го зимам “интелегентниот“ телефон, наместо весникот, и право на првата седница од денот. Ги проверуваш “поштата“, пораките и “новостите“ од Светот. Исто така задолжително проверување на социјалниот живот. Ги гледаш така дречливите бои на животот и не забележуваш колку смрди цела таа “работа“.

Јас се рачунам за еден од посовесните корисници на “фацебукот“. Па така една од моите дневни обврски е, да се превере кој шо напишал на него. Секој слободен момент се проверуваат малкуте “приатели“ кои останаа после големата акција на чистење и одстранување на “политички контаминираните“ приатели. И после секое проверување сѐ повеќе го разбирам Веле шо ни се смее кога не гледа како висиме на фацебукот. А како да не се чудиш кога ќе видиш дека зад бројката од 74 известувања, 47 се кој стиснале “лике“ на нешто, 24 се кои споделиле некоја содржина со филозофска или животна мисла на некој си инстант филозоф и ДУРИ труица СТВАРНО имат ставено нешто од сопствениот живот.

Ги гледам така “среќните“ човеци, распослани на богато нап’нетите маси, пред прекрасните светски зданија, со своите најмили … и приметувам дека сите ние си го создаваме Светот онака како шо нас ни е најубав.
Ги гледам фотографиите на моите “приатели“ од “дружината за сликање“ и пак идам на наа:
“Ако некогаш човештвото пропадне, само од лицемерито!“

Си се возам со моторот ја така, ја гледам природата у есенско руво околу мене и се мислам: зошто таа, човечка душа, не ја прифаќа оваа убавина таква каква шо е? Зошто мора да од секоја прекрасна реалност правиме нашминкана “убавина“?

Дали е бегање од секојдневието, од реалноста, од силата да му се радуваш на работите какви што се. Зошто на една фотографија ако и ја “завртиш бојата“ на 4-ка сите стискат лике?
Или се шпанскотурскоиндииските серии шо на човеците им сервираат шарена фантазија?

Ама цел Свет е тргнат накеде, понекогаш (ногу често) ми се чине дека сето тоа заминување на Светот не е лигично, ама кој сум јас да оценам? Тука ги имаме фацебук филозофите, блогерите и виа најпасните: инфлуенцерите! (не е тоа болест) тоа е модерен назив на трачари!

И така јас и понатаму ќе си фотографирам убави работи (по мое) кои ги сретнувам на моите шетања. И понатаму истите тие фотографии, не силувани, ќе ги споделувам со вас, љубителите на убавото.

И нешто од хрониката хронично. СО ПОЛНА СОВЕСТ дека ништо нема да смени.
Воа шо и се случува на Македонија, една од моите две татковини, не е само заслуга на тиа денеска шо а матат чорбата, тука голем удел имат и ниа другите шо со години не чемрееа на млака вода….