На кој му е поголем(а) ?

23 години
20,3 километри
95% од работните денови
насабајле во еден правец, навечер назад. Го согазив тиа пат од дома до работата, со точак, со моторче, со МОТОР, а најногу со автомобили (еднаш дури и до пола пешки!). Пред 20 години беа потребни 22 минути. Последниве години во “нормални“ услови 28 минути.

Е сега со кола. Секое сабајле нерасонет го возам директно, навечер чат-пат забегувам по други патчики, ама насабајле таа е релацијата, Артх – железничка Валхвил – Колинплац Цуг – Ноихајм (34мин.). Просечната брзина 44 км/ч.
И сето тоа веќе впрегнато у подсвеста шо насабајле мислам дека и не разбуден стигнувам на работа.

ДА, времињата кога се брзав и пробував да шо побрзо стигнам до работата поминаа одааааамна. У тиа 4000 и кусур возења човек ако не примете дека “секое брзање е едно мочање“ нешто не е во ред.

Не ме нервира и возбудува веќе ништо, на таа “домашна“ делница. Ниту градските автобуси кои насабајле возат 33 км/ч бидејќи нема патници па немора да застануват на сите станици, па возниот план го запазуват шо брзината на движењето го намалуваат пропорционално од станиците на кои не застанале, ниту “туристичките“ возачи кои на секоја расцветена грмушка подзастануват, ниту пензионерите кои со возила од по 400 – 500 коњовски сили возат 56 км/ч – константно без обзир на ограничување на брзината било да е тоа 40, 50 или 80! НИШТО не ме “расонува“ насабајле, ништо не ме нервира навечер.

Во последно време најногу ме “заинтересирува“ односот на другите возачи спрема мене. Забележително е дека некои очигледно се изгубени во времето, па се “брзат“ во сите правци. Ама најинтересно е шо различно се однесуваат спрема различни возила.

Насабајле возам ептен дефазивно. Прво јас не сум расонет, второ колата не е загреана и трето јас тргнувам 40 – 45 мин. пред почетокот на работното време, немам никакви проблеми да не стигнам на време и првото кафе на мир да си го испиам.

Е сега иде тоа шо сакам да го кажам. Забележав у последно време дека кога идам на работа со OPEL Corsa 1.4 има доста соучесници во сообраќајот на кои моето пристојно возење не им одговара па ме претицуваат секаде и во секакви услови. АМА кога возам MERCEDES GLK (без никакви ознаки на капачката одзади, ама со убави широки гуми) кој делува моќно, никој не се осудува да ме претица и ако возам исто, дури и пополека бидејќи не го возам секој ден (па чепкам по тиа дугмињата околу радиото и то  🙂  ).

Тоа е стварно интересна работа како човеците ја искажуваат својата надмоќ или замисла за надмоќ!!!

И така…
а иначе, виа сите шо претицуват, најкасно на Колинплац у Цуг ги стигнувам, СИТЕ!