еволуција без револуција…

1989.
Дојдеме во Швајцарија.
Првата забава на која отидов беше Југословенска во Цуг.
После почнаа да се низат Македонски забави.
На тиа забави имаше ќебапи и гласна музика.

2019.
Во меѓувреме се измислија персоналните компјутери, сателитска телевизија, мобилни телефони, интернет, интелегенти телефони,  хибридни автомобили, електро автомобили,  и уште шо ли не?!?!
Ние Македоците во «дијаспората» упорно уште  јадиме ќебапи и слушаме гласна музика…

СРЕЌНА НОВА 2019 ГОДИНА!!!

62487 пати кажано и пак ќе кажам: ОД НОГУ ГЛАВА БОЛЕ!!!
Еве поминаа постите, па сега да кажам некој збор (не е убаво за време на постите да тропаш/пишиш глупости).

Сега од каа ги видоме сите гозби, сите лампиони, ги издобиме СИТЕ “copy-paste“ честитки, конечно може да се вратиме на секојдневието и да продолжиме да се вреѓаме на политички нивоа… Но прво сега и на ова место, моменталистички сакам на сите, на кои не успеав да им одговорам, на сите нивни SMS, messenger, WhatsApp пораки, на сите нив да се извинам и воедно им ја честитам Новата година со желби за МНОООООГУ здравје.

“Оој Коледе, Коледе
што ти прави жената?
Црна в`на влачеше,
путката и плачеше..
еееејј“

 

и уште некоја друга, ногу дрва и желба да “нашиот оѓин“ биде најголем. Тоа беше Коледица, пред појавата на фацебукот и “нормите“ на Македонската првославна црква. Еве ваа година и скроз изумив кога е и како се славе Коледица. Ама за среќа фацебукот ме подсети на некои моменти, одамна поминати и полека избледени…
А таму, пред објективите на мобиљките место оѓини маси. Да маси, т.е. “софри“ и весели луѓе. Убаво е и така. Па празниците се за да се соберат и дружат човеците.
И секоја година наново, осеќам колку незнам за некои си верски адети и “закони“.
Божиќ, како празник, незнам, не го памтам од детските денови. Коледица да. И Бадник. За нас како деца Коледица беше врв! Смееме оѓини да палиме и да ги слушаме “мрсните“ песни. ДА. У Кавадарци за Коледица, освен наа коледарската “Кој што спие нека стане…“ друга песничка не знаеме шо не беше порнографска. У денешно време викани “еротски“!?!? Порнографски, чиста порнографија, беа и сѐ уште тиа песни. Само шо ете сега сум изолиран и незнам дали уште така се тера. По записите на Св. Фацебук – НЕ. Зошто таму гледам ногу “луксузи“. Не е каа на времето, човеци, оѓин, ракија, компири и “најјаките“ по некоја кубаска.
Ама тоа ти е еволуција. Мора да ги прифатиме некои работи, сакале ние или не. И ако штракам поголемиот дел од моето слободно време на воа компјутерите, уште неможам да ги прифатам некои работи. Еве например честитките за Божиќ, за роденден, за Нова година за … за кои наместо неколку искрени лични зборови се трошат “copy-paste филозофии“.
И тоа ќе помине, ќе помине како ногу други работи шо поминале. Факт е дека полека ама сигурно влеваме во колосекот кој го трасираат некои си компании кои заради своја корист го манипулираат човештвото со “нови“ норми и вредности.

Но еве, почнува нова година со надеж за убавини. И ќе си ги направиме убавите моменит, шо повеќе тоа поубаво! Оти тоа е наше право, да си правиме убави работи. И да. Ќе ве замолам, повеќе искреност и помалку “филозофии“.