Честитка…

Поминаа. Честитките и желбите кои у јануари фрчеа ѓоа сачми од ќифте (од сегде и у сите правци) полека се истрошија. Дури и едно рало рачуни платиме веќе. И сеа ќе чекаме Прочка, па да се простиме и пак посакаме нешто убаво.
Аа, да! Св. Трипун е у меѓувреме. Иначе Св. Трипун јас го памтам по тоа шо е празник на лозарите. На времето дури си беме дома и дури тато го работеше лозјето, секој Св. Трипун одеше на лозјето, на нашето лозје. Ќе отиде да закрое а и паричката од Бадник да а закопа. А паричката па, дури беше жива Баба Зора она а чуваше, од Бадник до Св. Трипун. И таман за Св. Трипун, ОП, ќе а изваде од шарветката… таа шарветка јас мислам беше волшебна, сѐ имаше у неа. Или сѐ шо било вредно се чуваше или поминуваше преку шарветката…
И така, тато ќе помине на лозјето, кога со нас кога сам, зависи од временските услови и толку. Слико нема.

Е сега, Св. Трипун е Св. Трифун, се славе наголемо, ама сѐ со цел да се “забележи“ (читај овековечи) сета, па макар и само за на фацебукот. Од еден скромен, фамилијарен обред се ствара некоја илузија демек ногу јак празник за ЦЕЛИОТ регион!!! Арно, шибај те. Се дури не мора да се придонесуваат жртви, на пример, да а заколат винската убавица, шибај те, па дури и со Лепа Брена ако треба да биде убаво лепо грозјето.
Честито нека е.

Преди неколку години у воа време, си правеме по некоја си изложбичка на фотографии и колку толку пак ќе имаше шо да ни честитат. У последно време и тоа веќе некако не го бркаме. Малку револтиран од “општата ситуација“ малку во потрага на нови концепти, времето оде, фотографиите се трупат, а “експорт“ нема.
Минатата година на неколку конкурси сум беше испратил мои фотографии. И како секогаш до сега, останаа незабележани (не примени). Нормално тоа удара на моралот да на следниот конкурс повторно испратиш нешто оти гледаш дека ногу чудни критеријуми владеат. Не дека моите фотографии се којзае шо, ама у неколкугодишното (активно) работење со фотографиите барем стандардите ги научив. Ама тоа е кога човек е соочен тука да е странец, а таму не е од тука… И кога ќе видам шо фотографии се примени, а моите не (секако како што на секоја мајка, нејзиното дете е најубаво така и моите фотографии за мене се солидни) ти станува јасно наа со вујкото и владиката….

Ама тоа не го чуствувам првпат. Имало години, ногу одамна, каа се групираа човеците на чаршиари и на други. Тиа, чаршиарите, секогаш се осеќаа дека се нешто посебно и дека они се центарот, ако не на универзумот, барем на чаршијата. Ногу убаво време беше тоа…. Да, по некој не чаршијар понекогаш успеваше да се упика у тиа кругови, ама никогаш не беа рамноправни.

Јас мислам дека сега, со влегувањето на Македонија у НАТО, ногу од тиа чаршијарите ќе осетат како е тоа, да си човек, а да не те есапат…
Влегоа у НАТО ај до година у ЕУ и после, од каа ќе влезиме секаде, каа ќе ни го начукат, има да се чешаме кај шо не нѐ апе.

Ај честито!