Серење

Серењето е една од најважните дејности во човечкиот живот. Било да е тоа од физиолошка/природна нужда или како израз на карактер. Тоа е дејствие кои сите од нас го прават, на еден или друг начин и тоа секојдневно, а ваму лафиме дека не е културно да се лафе за смрѓавата која е предизвикана од сите врсти на срање.
Едно од најквалитетните срања, е предизборното засерување низ Македонија. Тука толку искусни серачи дејствуваат шо дури смрѓавата ја продаваат како парфем. Жално е што “конзументите“ на посерената работа ја прифаќаат како дар од вештите сератели!
И прибидејќи на парчето земја (моментално) наречена Северна Македонија, избори има скоро секој квартал, серачите имаат поле за срање и ширење национална смрѓава….
Помина сезоната на ниа шо со штички се спуштаа по снежните патеки низ цел Свет. И повторно на телевизијата и на сите медиуми завладееја ниа шо а туркат топката натаму наваму.
Јас не сум голем спортист, шах да играам ќе добијам запаление на мускулите, ама чат-пат гледам како спортуваат другите, на телевизорот.
И како така гледам, сѐ повеќе му се чудам на некои човеци шо уште мислат дека фудбалот е спорт и дека “нивниот“ клуб трче за нив да ги забавува. До душа тоа е друга прикаска, тоа како има човеци шо “навиват“ и се “фанови“ на некои си клубови со кои они немат ама баш никаква допирна точка (освен дрес ако не си купиле дури биле некаде на одмор).
Стотици пати се прашувам како може некој да зима огромни пари за да си трчка по трава без никаков допринос – барем да а испуца таа топката накај голот!?!?
А пак мистерија за себе е тоа, како некои “професионалци“  и кога ќе испуцат ни блиску до голот не потрефуват!!!
Ама верните навивачи се со ниФ!!!
И така наапан пуштат телевизорот. А таму!?!?! Програма за исклучување на мозокот. Нормален човек тоа не може да го гледа. Се некои “инстант“ пеачи, играчи, познати “личности“ абе ….
И да, презентирање на “вистината“ на наредбодавачите.
А бе пролет, пролет, шо не дојдиш еднаш веќе, па човек да ја јавне моторката и да поистроше малку бензин, така безцелно и без филозоФирување…. и да се ослободиме од смрѓавата.