Пепел и муабет

Почеток на 21 Век.
На вирот на Црна кај Трстеник. Една ногу убава екипа собрана. Се чуре скарата, се пие ладно пиво, се освежуваш у Црна.
Така расположени некој спомна да се оде до некое манстирче/црквичка “туа погоре“, бил денот, па ќе имало сигурно печено прасе или јагне, “кумот“ на празникот најавил демек.
“Тууу, види од шо верник ќе јадиме…“
Тоа беше почетокот на крајот за тиа муабет. После си подолжиме да си печиме кобаски, ќебапи, мрвки ….

Каа шо викам тоа беше преди скоро 20 години. Време кога Македонската Првославна црква сѐ пронаоѓаше наново и кога се прибираа сите “верници“, а нај мили беа тиа шо имаа по некој денар / евро повеќе за бакнирака.

Тогаш и разбрав дека ногу од новопечените “бизнисмени“, се натпреварувале кој повеќе ќе оставе на црквата, сѐ со надеж дека ќе им бидат простени/заборавени гревовите направени при “создавањето“ на нивното богатство, ноќите поминати по борделите и касината…
Ќе бакниш рака на попот и ОП, шибај одново…

Ваа сета ми се врати од каа виа денови изгори црквата у Париз.
Нотр Дам, ја знам од цртаниот фил на Дизни – »Ѕвонарот на Нотр Дам« (книгата а немам читано). Децата дури беа мали филмот го гледаме … незнам колку пати.
После имаме прилика да ја посетиме и поинајска. Црква каа црква, голема, шо и личе за големо село. Влегоме и унатре, до лентата, натаму не, натаму само “вистинските“ верници. А и да се качиш на цркват, кај камбаната – треба да платиш, бил верник или не. А како бонус со плаќањето добивш и право да чека саат и пол – два, дури ти дојде редот.

И така. Нотр Дам изгорѐ! Добро де само покривот ама изгоре. Изгоре за да ни покаже уште еднаш колку трул и покварен е овој Свет.

Тука у Швајцарија има еден “стручен назив“ за “случајни“ пожари при реновирање: “Warm Abbruch“ (топлинско рушење) и се користи кога некој објект е стар и грд, а властите не дават да се растуре заради историиски вредности. Тоа е кога човек (газдата) има друга замисла од замислите на властите. Друга причина за несакан “Warm Abbruch“ е кога газдата сака да штеде НООГУ пари па ангажира нестручна работна сила (неписмен и недоучен народ од сумњиви иностранства). Како и да е, при реновирање, ако се случи пожар, крив и најодговорен е газдата.

Во случајот на горе изгорената црква во Париз, одговорен е Папата. Таа црква како дел од едно верско здружени со години збира (ма жнее пари) од верници и неверници со цел да можат тиа шо го “водат“ тоа здружение убаво да си живеат и “работат“, сѐ со прикаска дека нашиот голем спасител така сака….
И сега каа се случи оваа “трагедија за сите КАТОЛИЧКИ верници…“ (зборови на претседателот на Франција), се подадија “бизнисмените“ од Франција со баснословни суми на пари. И како на пазар, почнаа да си ги мерат (не у песокот) на кој му е поголем рачунот у банката… За неполни 72 саати се ветиа скоро Милијарда евра со бројки 1’000’000’000.-
Да не праиме муабет дека тиа милијардери до сега и ако давале по некое евро, никој не ги разбрал. Сега кога светската “јавност“ е свртена кон Париз – ОП еве не нас. И стварно има Светото и Европа бизнисмени, и стварно разликата со ниа у Кавадарци е огромна, (едните дават 100 000 000, другите прасе), е сега на кој поарно ќе му бидат “простени“ гревовите само ЕДЕН знае, а пред тиа (демек) сите сме исти!

И сега, да КАТАСТРОФАТА биде уште понајголема, “владата“ на Северна Македонија одлучила да и помогне на Француската република при реновирање на црквата у Париз.
Човек да не знае дали е сон или јаве, дали Мики Маус или Квазимодо изиграва министар у Северна Македонија.
Море шупелкари, Баба Зора – Господ да ја просте, уште на времето викаше, “прво смети си у твојот двор, а после лафи за комшиите!“
Ако сте толку да помагате на “невладини“ организации како шо е црквата, која ако не сте приметили собира повќе  пари од цела држава, тогаш помогните на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија!!!
Шо дигате нози кај шо не е за дигање, и не си го мерите со ГОЛЕМИТЕ каа ви е мало цоцето!