»секој народ ја има владата која ја заслужува.«

Да пишуваш за политиката треба да си новинар (вистински).
Да пишуваш за светската политика треба да си политолог.
Да пишуваш за Македонската политика треба или да си дактилограф или врачар или несалам.
Јас се одкажав од  било какви коментари или пишувања за политиката и ситуацијата у Македонијата оти одма за половина од моите роднини и пријатели ќе преминам “у вашите“.

Некои од моите пријатели шо имат прочитано повеќе книги од мене (а тоа се скоро сите), може знаат од кои се изреките:

»раздели па владеј!«

»секој народ ја има владата која ја заслужува.«

Арно. Јас да си запишам неколку мисли, за мене, за да не заборавам.

Иначе на Македонскиот народ му се случија двете изреки. И како да е тоа малку плус ни се случува “ако сакаш да уништиш една нација, уништи им го прво образованието“.

У Македонијата, тоа мало парче земја шо остана на Балканот, од таканареченото осамосталување до денеска се донесени неколку милијарди закони. Мислам дека има и закон со кој се регулира колку пати една мува треба да те нервира пред да смеиш да а утепаш.
Ете најново му текнало на педерите и лезбејките и останатите недефинирани створења дека биле понижени, па одма ќе се донесе закон да бидат заштитени како бели мечки, како и шиптарите, поповите, политичарите, газдите и сите останати групи и собрании на “загрозени“  човеци.
Проблемот не е шо они ќе добијат закон за “еднаквост“, проблем е шо се помалку има “нормални“ човеци у таа држава (а и на секаде по белиот Свет). А да си нормален на овој Свет, моментално не е нормално.

Проблемот е шо повторно ќе има поделби, на наши и ваши. Нормално не има ниа “конзервативните“, “простите“ шо викат “да ве ебам у тоа педерите“, а секако дека ги има и ниа “светските“ или демек академците или светски отворените граѓани па викат “де па, и они се душички“. Користејќи го кавадаречкиот речник, јас ќе речам: “кур ме боле, кој, како, со шо и каде се однадуе, секој нека си а најде среќата“.
АМА ќе ве молам, не ми лафите за озбилна држава во која со државни пари ќе финансира промена на половите, а ваму ме сокапаа човеците со молби преку СМС, фацебук и останати интернет медиуми, за помош на болни деца и човеци…

Но како и за секој закон у Македонијата, ујдурмата е три дена. Помина таа.

И СЕГА?!?!?

Како ќе го масираме народот.

ОП нов скандал.

До пред некоја недела најсаканата и највеличената пеачка, Тамара, која за маааааалку ќе победеше на »Евросонг« (не, евровизијата беше нешто друго), девојчето заборавило една строфа да испее и ОП – одма по Уставот на ……… Македонија (точките ја симболизираат придафката која е лабилна) ќе а казнувале! НОРМАЛНО закон си е закон. Ама не за “нашите“. Е сега ќе се виде кој со кој и каде…

Ќе помине и тоа.

А да, девојчето заборавило една строфа од Химната на Република Македонија да а испее. Нормално СИТЕ одма приметија!!! Јас сум убеден дека до вчера 80% а денеска 50% од патриотите не знаат како се вика Химната, ама нели чичко Цукерберг ни дал “право“ да плукаме по сѐ одма го користиме тоа право…

Гледано од страна, од мојата Ф-тора татковина, тоа сето е едно од редовните прања на мозоците на извезни групи на граѓани… Јас мислам дека Владата на ……….. Македонија не треба да финансира промена на полот, туку да се искористат средствата и на СИТЕ да ни овозможат операција на мозокот!!! Или барем едно темелно проветрување на истиот.

Еве не издржав ни две години да не го запишам моето мислење за тоа шо го слушам за Макеонија. Цврсто се водам од желбата да не се мешам во внатрешните збиднувања на мојата прва татковина, оти нели јас су гастербајтер, дијаспора, странец… и не би тебело да солам памет на тие патриоти шо останале да живеат и ја чуваат Македонија. Јас сум само добар кога ќе треба да се донираат пари за нешто у Македонијата – тогаш сме добри. Добри сме и кога ќе си отидиме летото и кога ќе оставиме по продавниците, ресторантите, мајсторите… по едно 10 – 20 или повеќе просечни плати (Македонски).

Пак ќе си речам, смири се Гого. Си имаш ти и друга татковина, може ќе успее барем таа да остане така убава како досега дури си жив, а после…

Ама криво ми е. Стварно ми е криво шо а расипуват таа моја прва татковина. Дури мака ми е, каа кога ми се расипа тркачкиот точак, или Томосот аутоматик. За нив мислам до ден денеска ми е криво шо ми се расипаа. После нив за ништо не ми било така криво, а имаше и по вредни работи. Ама веќе беше сум се навикнал дека работите се минливи. Да и првата татковина  (ќе) а жалам, оти ми е прва и оти до сеа не ми се расипала ни една татковина….

Криво ми е и за тиа 20 години шо се акаме туа по Швајцаријата да им ја објасниме Македонија на тиа шо треба, па и на сите кои ги сретнуваме и таман дојдоме на степен да не акцептират како Македонци и да ја прифаќаат Македонија како држава, ОП, некој шупелкар одлучил да не прекрсте…

Ојте бре у пизду матер!!!

Можеби јас стварно сум странец.
Можеби за тоа не ја разбирам логиката у Македонија.
Можеби ќе доживееме да видиме и разбериме на кој и зошто му сметала Македонија па систематски од темел ја уништува.
Можеби постое стварно некој заговор.
А можеби едноставно не сме способни да бидиме самостојни.

Или како бе, нели у основното не учеа дека Македонија ја рани пола Југославија, а сега не сме способни ни на пензионерите да им обезбедиме нормална исхрана од сопствено производство.

А да. Работоспособниот народ постана дијаспора.

Ај до следниот скандал, за некој ден.

За малку че забораве, Македонска мудрост (и реалност): “законите треба да се употребуваат по потреба!“