Гроздобер-финал

Не дека сум некој кур-фактор, ама и ја имам душа, а имам и некоја заебана навика да мислам со мојот мозок.
Па така денеска на третиот празник по ред, после 7ми септември, ослободувањето на Кавадарци, 8ми септември, денот на независноста на Македонија, еве 9ти септември, денот кој го славам како почеток, се освртувам на поминативе денови и Гроздоберот Тиквешки …

Каа прво, Господ здравје да му даде, а од мене има едно пиво и десетка со кромид, на тиа шо му текна некои настани на Тиквешкиот гроздобер да ги пренесува директално по интернетот. АЛАЛ ДА МУ Е!

Ама оти не беше СЕ пренесувано и оти ја не бе у Кавадарцито, сакам да прашам неколку работи:

  • кој лозар доби признание за најголем грозд?
  • кој лозар доби награда за најблаго грозје?
  • кој винар доби пофалница за најдобро вино?
  • кој винар доби плакета најубава ракија?
  • кој доби медаља за најубаво средено лозје???

А и уште нешто, ЗОШТО на “Карневалското дефиле“ немаше ниту едно зрно грозје, ниту капка ракија/вино??? ЗОШТО на “Карневалското дефиле“ немаше ниту една поставка шо асоцира на Гроздобер???

Мојот ценет и сакан пријател Диме Коцевски беше напишал у својот фацебук статус: “… Искрен да бидам не знам ни една песна од неа, ама бев со убава екипа на еден од штандовите, и со добро вино и ногу позитивна енергија од околу си поминав одлично…“
Да мили мои. Тоа е суштината.
Не е важно кој пее, се дере или се чепате на тоа бината, важно е да имаш ЧОВЕЦИ покрај себе кои сакат и можат да зрачат позитивно, поттикнати од било шо….