Баби и жаби

Проклета е споредбата. Со годините научив да не споредувам ситуации, состојби, табиети, навики, … поготово не, помеѓу Швајцарија и Македонија.

Среда, последна у октомври. Куферчето спакувано, картата у џепот и фаќај авиончето за Македонијата. Планот, дома да се видиме со најблиските, една обврска, две, да извршиме и некој ден да се отргниме од секојдневието.
Така и почна, уште првата ден обрските завршени, па дури и време за посета на една интересна театарска представа се најде.

Така и пред скоро две години, едно кратко одморче, на едно прекрасно место. После тоа, со игра на околностите некако заборавено. Многу многу убави моменти поминати, некои и со фотокамера забележани, АМА, времето после тоа кое беше окупирано со темни и проклети мисли не дозволи да му се радуваме на убавите работи, дури и страв имам да ги разлистам тие фотографии, некако СЕТО тоа го туркам у заборав….

И да. Се отргнав од секојдневието. Четврток вечер со едена немила несреќа и ајде од петок сабајле по доктори и болници. И имав можност од “прва рака“ да се запознаам со славниот и ценетиот Македонски здраствен систем. Имав чест уште првиот ден да сретнам човек кој се нарекува и изиграва доктор, а во основа и длабоко у душата (ако а имаше) е фрустиран прост дркаџија. Ама системот е таков. Испорачан си на тие створења…

Сабота. Ден за една ногуубава работа и за проба да колку толку се вратиме малку накај нормалниот колосек…
Почетокот на една прекрасна работа поштено и весело ја одбележаме и СИТЕ на неколку саати заборавиме на “секојдневието“.

Недела. Ден кога некои од нас имаа “последици“ од веселата предходна вечер.
Некој во вид на главоболка и иждригешки, друг со болки во ногата…

Еве и после неколку денови (четири) уште се нема волја и мотивација да се седне пред воа мониторот и се средат фотографиите од прекрасната саботна вечер…

Да, неделата. Едниот се “управи“ со супа (или две) а другиот со ногата беше приморан да оди пак у болницата. Да, у таа болница во која во петокот не “пречекаа“ каа да сме отишле у болницата оти сакаме да му го “расипиме“ мирниот ден на персоналот кој во болницата работе за да земе плата, а  не дека се они таму со звање и професија за да им помогнат на ЧОВЕЦИ кои имаат мака. Да, у недела вечер, кога дежураат. Ама болката на едниот и стравот на другите беа поголеми па ајде пак топтан у “Ургентниот центар“

Значи каа шо реку. Избегнувам да споредувам било шо со било кој. Оти и една стара мудрост вика “не мешај баби и жаби!“. И стварно, при скоро секој покушај да направам некоја споредба, доаѓа до конфликти или барем до бурни дискусии.

Недела, накај 7 саатот навечер. Застануваме со колата пред влезот и уште не слегнат “пациентот“ од колата, дечкото од обезбедувањето дотрча со количка! Истиот тој кој е задолжен да се грижи за безбедноста на персоналот и објектот ја истурка количката до просториите на ургентниот центар.
првиот контакт со медицинската сестра која работи таму беше како “мелем на рана“. Со пријатен и смирувачки тон во говорот, ни објасни дека веднаш ќе се погрижат за пациентот штом ќе завршат со тој кој веќе е во ординацијата…
Дојди и докторката која е дежурна и од кога ја оцени ситуацијата ни објасна дека не е ништо опасно и дека одма ќе видат што може они да сторат или ако има проблем ќе го повикаат и дежурниот хирург. Работата се сврши со персоналот на Ургентниот центар на начин како што им доликува на ЧОВЕЦИ кои за професија одбрале занает со кој им помагаат на луѓето.

И стварно ноа со споредбите не е благодарно.
Како човек сеа да спореде и што?
Иста установа, исто место, некој ден покасно. Од екстремно во екстремно.
Стварно, доживувањата при втората посета на болницата ептен позитивно ме изненадија.
Споредбата тука би ја сведил на тоа дека има ЧОВЕЦИ и човеци.

А да фотографиите ќе ги средам, во најскоро време. Чесен пионерски збор!