ОЧИ. од Гордан Ристовски

ДеЦембар…
Завршува уште една година. Тука фанаа и ноа празниците, проследени со вечери, ручоци, слави и најважното – поклончињата!

Стис од виа некој франак, стис од ниа некој франак и ОП ќе те ударе Тестостеронот у главата!
Почнуат ниа “филмовите“, нова камера или подобар објектив или обнова на дел од опремата или ??? …

И така ќе си направиш “попис на инвертарот“ и ќе видиш дека со годините си си направил некој арсенал кој е стварно интересен и ќе ти стане јасно дека си го “искристализирал“ до совршенство по потребите и желбите….
Така средувајќи ги тоа објективите пак ми дојди у рака “50 f/1,4“     … и ме замисли!
А обично јас каа се замислувам, испаѓа некоја идеја….

Изгледа нема ништо да се купува ваа пата.

2020 е најновата година која е на ред да ја претераме.
А бројката 2 е скоро како 5, т.е. “дигиталната“ 2 гледана у огледало е 5 …

А 50-ката, интерес објектив. На времето кога беше сум го купил, беше “обавезателен“, нели уште на филмови штракаме, и 50-ката важеше за “стандарт“ објектив. Тоа не учеа уште на времето. Стандарт, оти така човечкото око гледало !?!?

И пак се заинтересирав за ваа теорија… А оти двајцата човеци, Младен од техниката и Боро Жгуљо кои на времето доста разбираа од фотографијата и не го чуваа само за себе туку кога ќе ги прашаше за нешто ти објаснуваа, не се тука, му се обратив на чичко Гугл.

И пак таа!!! 50-ката е стандарт на “фулфрејм“ камерите…

И така почнав да буричкам по интернетот за објективите, за камерите, за окото…
Гледајќи и читајќи разлини податоци за окото човек ќе заклуче дека окото и не е толку моќно, има подобри објективи и камери. Ама човечкото око и ако не е најјак оптички уред, во комбинација со човечкиот мозок, кој не е најмоќен компјутер, заедно се претвараат во недостижна  направија за визуалена конзумација на околината!!! (ама паметно го кажав воа!!!)

Интересни податоци за човечкото око, гледано по дигитален терк:

  • Човечкото око има видно поле од некои 170° – 210°,  ама само 35° – 45° гледаат чисто – “фокусирано“
  • Има само околу 8 -12 Мегапиксли
  • Бленда некаде околу 3,5

Перфоманси кои секој произведувач на објективи и камери ги надминува без напори.
АМА, динамичкиот опсег од 20 и кусур бленди, во комбинација со човечкиот мозок кои тие “25 фотографии во секунда“ ги “обработува“ подобро од било кој компјутер го прави окото (очите) во недостижна оптичка машина која и ако би била вештачки (технички) достигната за нас обичните смртници ќе е недопирлива (па колку и да има од ниа шо стискат по некој франак 😉 )

 

И така сега останува да го дочекаме 01.01.2020 и да почнам со мојот “Проект 20 / 50“ *

 

 

* – повеќе информации за “Проект 20 / 50“ наскоро, од година!