“Тресла се гора, родио се миш!“

Комшички работи. Колку у да се правиме имуни, со комшиите е така, или си живеиш или не, или па и двете… Еве јас со виа комшиите од север имам специјален и убав однос. Поготово шо они имат такви текстописци на новокомпонирана музика, кои се зрели за “Нобелова награда за литература“ и плус за се имат изрека, а со ноа “јебо те“, човек може цел филм да сниме… Така виа денови ми дојди наа нивната:
“Тресла се гора, родио се миш!“
Нели годината завршува па се праве резиме, или осврт на годината која има само уште неколку саати. И покрај сите значајни дешафки ваа година секако е и Грета. Момето кое бега од часеви секој петок и се боре за да ја спаси планетата. Иначе за Грета, сиромашката, јас уште сум на мисла дека момето за пет, најкасно седум години, ќе заврше у нервна или клиника за лечење од алкохол или дроги.
Друго ми беше муабетот.
Грета успеа да мобилизира милиони деца, човеци по Светот. И сите тиа протестираа за спасување на планетата Земја. И беше присутна секојдневно на сите медиуми и во сите пори на животот. И сега? Ај сеа некој нека повлече шарка и да направиме рачун. Шо се смени??? НИШТО!
НЕСТЛЕ е највредна фирма у Европа, највредна фирма у Светот е наа шо праве нафта (и со тоа сета пластика на виа Свет).
И така Светот ќе маршира у правец кој го трасират тиа шо штампат пари, а ни вени ќе сечиме на песни со фантазирани текстови…
Или, се сеќава ли некој на наа “шарената револуција“, од која ни остана само здраво фарбање???
Ете и јас веќе неколку денови си мислам шо сФршиме ваа година??? И шо ќе требе да оптимираме за следната. Покрај сите убави и помалку убави работи шо ги носи животот може да се пофалиме со неколку илјади фотографии и километри. Направиме една мала изложба на фотографии. Се одкажаме од две групи на фацебукот, ( а и од фацебукот општо…)
Убава година помина.

 

И оти си изпосакаме да Новата година биде уште поубава сигурно ќе мора да се потрудиме да напрајме поубави работи…
Значи од денеска фотографиите на Гого ќе може да ги следите тука,
или на www.foto-gogo.ch или на instagram или на fotocommunity ама не повеќе на фацебукот…
Среќна Нова Година на сите, па и на комшиите!!!