Зајко на стража …

Го пратиле Зајко
на стража,
пиштол нов му дале
и фишеци пет.
….

И после неколку години образование и шпартање по чаршијата, ќе сфаниш дека сите тие во прикаските и песните, зајци, лисици, штурчиња, мравки и слично у стварност ти се отцртани карактери на нас “чедата Божји“

По автопатиштата на Швајцарската Конфедерација со Опелот Корса (не ме пашувајте за бројки) се движам најчесто со брзина од 110 км/ч темпоматирани. Дозволени се 120, а и 130 да возиш никој правно нема да те гони. Ама со 110 немаш проблеми при користењето на темпоматот, само што во тој случај те престигнуваат, заобиколуваат, се лепат зад тебе сите. Од пресно положени девојчиња кои се во потрага на самопотврдување, преку хоби тркачи, до за мене, најопасната група на возачи – управувачите на разни службени комбиња и камиончиња! Едно 80% од таа група се “зајчиња“ кои по сила на приликата допреле до малку по волумезно возило и се осеќаат како да се “КИНГ ОФ Д РОУД“!!!

И така, на едно најнормално возење до некаде, забележав како еден од тиа најновите “фасилити менаЏер“ (тоа ти модерен израз за чистач) се доближил на метро и триесет и седум зад браникот на Опелот Корса – бела боја. Абе Душко, долгоушко, Опелот го управува еден човек кој никогаш не се брза никаде затоа што секогаш знам да си го испланирам возењето. А да, еден кој сфана дека Светот не се врте околу него… И ако у некое филанкиш село напишале да им возиш по патот 50 тогаш има да возиме 50. Да тука ми текна наа песничката за “зајко на стража“, тиа возачите (поголемиот број) на комбиња од фирми кои ги добиле незнам како, не само шо немат култура, туку уште помалку сообраќајна култура и со стискање на гаста сакат да ја прикријат својата неважност. Истите тие секојдневно ги доживувам и на работното место кога ќе дојдат на вагата со ливче у рака и пишувањето на адресата на фирмата во која работат е врв на нивното литературно изразување… Ама шо да прават шефовите, у денешно време на потрага по медот, кога немат кучиња за стража, ќе праќат и зајци и штурци – дај шта даш…
Не, дека некој некогаш ќе ги управе сите тие комарци во сообраќајот, ама неколку секунди “рушење“ на нивниот свет праве некое задоволство!!!