Христос се роди!!!

Среќни и пријатни Божиќни празници
… Денес сè помалку има човечност, а сè повеќе нетрпеливост и неразбирање меѓу луѓето и народите. Оттаму, во животот на луѓето гревот како да станува сè повеќе добродетел, а добродетелта како да станува непотребна и сè повеќе се вреднуваат минливите од трајните вредности. Со тоа денешниот човек сè повеќе се оддалечува од Бога и му робува на злото. Но доколку ги замениме себељубието и сите пороци, со дела на христијанската љубов, би можеле, и секој посебно и сите заедно, да ја доживееме Божикната спасоносна радост.

»»» г.г. Стефан, 2020