5%

Јануари 18-ти, лето Господово 2020-то.
Скоро 5% од планираното за ваа година го остварив. 18 денови без фацебук и 18 денови со еден (50мм) објектив на камерата.
Лесно? Па и не е тешко. Човекот е животно со навики. Како ќе се привикниш, така може и да се одвикниш. Ноа со објективот ме замислува, незнам дали ќе се издржи. Во секој случај и ови 18 денови се убаво искуство. Те тера да размислуваш малку.
Еве воа сабајле, се разденува, традиционалниот прв поглед на Светот, после дождливата ноќ – импонзантен. Зимаш камерата и приметуваш дека неможиш таа убавина да ја спакува цела. Ама и дел од таа убавина е убавина. Објективите широкоаголни остануваат прибрани …

Фацебукот. Да фале? Не.
Животот, работата секојдневието си врве и без лајкови и ефтини филозофии. Да, пред три дена, на средба со фотоклубот, помислив дека треба пак да се активира фацебукот. Ама после 4 секунди ми помина.

И така одлучно чекориме во новата година по зацртаниот пат.