За Татковината, со Тито – НАПРЕД!

Роден 66-та. Не на наа американската 66-ка, туку година 1966-та.
Растев и детството го поминував за време на “најголемиот комунизам“ у Југославија. Време каа беме сите исти. Имаше една партија. Имаше еден Тито. Имаше еден Дедо Мраз.
И после. Некаде на крајот од 70-сетите и почетокот на 80-сетите… се појавиа ниа модерните работини на магнет. Аудио касетите и видео касетите. Тука почнаа да влијае “западот“ со ефтини музики и уште победни филмови кои се гледаа по кафенињата кај шо имаше по некој видео рекордер кој ги вртеше тиа пиратски копии на копиите.
На тиа филмови и спотови имаме можност да гледаме како човеците на западот живеат у благосостојба, а филмовите не учеа дека секој еден изветвен амерички специјалец може да спасе цела држава, ако не и цел континент.

И така полека полека дојде време каа го уништиме еднопартијството и рамноправноста, братството и единството секако веќе отиде у три … и зачекоривме смело и гордо кон “запад“.

Демократијата ни донеси повеќепартијски систем (двопартииски) и почнаме да се делиме, на наши и ваши, на патриоти и предавници, на верници и неверници, на пеачи и свирачи… абе на сѐ шо може да се поделиме.

И моментално сме дојдени во ситуација да има поголеми верници од поповите, подобри економисти од директорите, поголеми уметници од академците, у стварност имаме ногу повеќе експерти од колку дисциплини.

Не ми е криво за “нашето море“, не ми е криво за тоа шо од каа ќе влезеше на наа Сежана па до Ѓевѓелијà се осеќаме посигурно одколку сега дома, не ми е криво за српскиот дискофолк, и ногу работини од тоа време ми се прежалени, од дамна, ама уште не можам да го преболам шо ја загубиме почитта кон човека и респектот спрема другите суштества.

Дојде време каа успешноста се мери “колку шлепери ти стоат на царината“, и потврдата со неколку “лајкови“ на некоја си магнетна платформа….