Традиција

Преди 30 години пристигнав у Швајцаријата. Оти од ѓерманскиот знаев исто колку на вујче кобилата, (халт и цурик) допаднав у една транспортна фирма. Си викаш ај, ќе се снајдиме и ќе почниме да работиме на занаетот. И оти имаше доволно шофери у фирмата, ме распоредија у сепарацијата. Оти знаеа дека сум електричар, ми стиснаа штрафцигер и моторцангла у раката и почнаме да работиме. Со времето се прошируваа задачите. Еден ден шефот прашува “знаиш ли да швајсуваш?“ јас искрен па му викам – не. И оти имал некоја замисла, ми вика: еве ти апарат за шавацување, еден пакет електроди и еден куп железа – вежбај! И така со месеците, годините изнаучиме еден куп други работи. Од електричар постанав “дете за сѐ“ У тиа почетни години требеше некој да помага и на депонијата. Секако Гого беше тиа шо може да науче…
И така и таа работа. “Воа се вика булдожер, 20 тона е тежок и 200 коњски сили има, знаиш ли да го возиш?“ нормално мојот одговор беше –НЕ.
“Добро, еве го клучот, качувај се, пали го и вежбај…“ И така у тиа 20 и кусур години го извежбаме булдужерот у сите ситуации шо може да се појават кај нас у фирмата.
И дојде време да се купи нов булдужер, најнов. Со сите салтанати. Сето искуство за да направиш површина која може да се користе некако непотребно постана. Осетот, окото, и другите чуства беа заменети со еден куп сензори и GPS подршки… Првите саати на користење на најновата играчка сите сензори и помагала беа исклучени и се силеме дека сме подобри од било кој компјутер. Ама еве после не полна година, поголемиот дел од работата ја презима таа електроника со сите нејзини сензори и програми.
Ти викам, човекот е животно со навики. Ќе се навикниш, ама ако начекаш поубаво или ако сакаш полесно или поубаво ќе се одвикниш или навикниш на нови навики.
АМА!

30 години ќебапи, изгорени или недопечени, понекогаш и стварно добри.
30 години помфрит, недопечен или одвратен, понекогаш и добар.
30 години редици со клупи, понекогаш и столчиња.
Има некој работи од кои не се бега а ги оправдуваме со традиција.
Ги гледам литургиите за спуштање (фрлање) на крстот во водите. И секаде истата слика. Попот (или владиката) чита/пее од тоа писмото и не се гледа од грамада на  микрофони, камери, телефони и „репортери“ кои газат се пред себе…

Гледам репортажа, некое си племе по ниа милион острови во Индонезија. Попот или шаман или шо врста е, ниа шо го чита писмото, застанат на платформа до реката, зад него изнаседнати “чорбаџиите“. Го пуштат венецот од цвеќе у реката без стрес без туркање без телефонизирани репортери….
Други земји други традиции…
Стварно неможам да го сванам некој Народ шо упорно “ѕипа“ у место и сето тоа го оправдува со традиција. Традиција ДА, ама дајте бе човеци да тргниме напред, да го фаниме векот…