Брус Ли ли?

Излеваш од киното и одма се “испробува“ најновата финта со маЈгери и со разни Ѕуки… Да. Така беше после секој филм на Брус ЛИ. Одеме НА кино обично машките на филмови со Брус Ли, а ако сакаш да бидиш у женско друштво ќе одиш и на Бидаи (плачки…). После филмот со Брус Ли обавезно уште на плоштадот се правеа групи со експерти во јапАнски борбени вештини.

Спомени… за спомените ги имаме фотографиите, по некое скриено списане, постер од тебе ти милата ти личност или мотор. Спомените понекогаш може да побуди и некоја мисла дибоко складирана некаде во мислите. И мирис, тоа секогаш наново ме изненадува како некои мириси ме враќаат некаде далеку во минатото….

Лето 2019-то. SBB – Schweizerische Bundesbahnen, Швајцарската железница, се наостри да реновира делница помеѓу Артх-Голдау и Цуг. Должина некаде 12 – 13 километри од кои на 4 километри се врши проширување т.е. нова траса. За таа работа мораше да се направи пристап до постоечката траса и тоа на терен кај шо ни кози не пасат… На едно такво место изнаправија пат, со бетон, дрва, железа, важно камион 40 тонски може да се каче до пругата. И тука наместија бараки/контејнери за работниците и материјалот.

И така јас секое утро и секоја вечер поминувам покрај тиа “технички пристап“ без многу внимание да му оддадам. Дури едно есенско утро, темно и дождливо не поминав пак …
И така погледот на бараките во тоа темно дождливо утро ме подсети на: Брус Ли !!! У тиа момент не ми текна зошто Брус Ли ми дојди на памет, ама со времето ги “ископав“ сличните ми слики некаде ми таложени во најстарите мисли и тиа слики беа од филмовите на Брус Ли