КОРОНА!!!

“Имаме и Корона, сакаш Корона!?“ со гордост и понос ми понуди еден пријател пиво. Моето прашање беше, од каде е тоа пиво?
Од Мексико!
Од Мексико ?!?!?
Пиво од Мексико ми нудиш у Централна Швајцарија?
У село у кое има пивара и на која пивата секоја година земаат по некоја награда?
Ќе ме извините, ама јас сум заостанат. Јас уште ја ценам водата у пивото.
А ДА!!! Корона пивото, од Мексико, се пиело ама требело и лимон да напикаш у шишто!
ДА! Ќе си пиам пиво направено по ѓерманскиот “Reinheitsgebot“.

Моментално ама никој не сака да има нешто со Корона. Не пивото, “смртоносниот“ вирус. Вирусот Корона кој е ногу опасен или пак не, се шири по Светот и не плаши како до сега “Птичјиот грип“, “Свинскиот грип“ и ред други зарази во последните години од кои требеше да изумриме…

Статистика за првите два месеци (у ѓерманија):
од сезонски грип умрети: 161
од корона вирус: 0

И така уште една “жетва“ на фармацевтската индустрија ќе помине и некои снаодливи бизнисмени ќе си ги појачат буџетите за предстоечките одмори…

Од века било да “паметните“ ги манипулираат “нормалните“ со помош на чаршијата, весниците, радиото, телевизијата, интернетот…
Уште еднаш повеќе ќе падниме на испитот наречен човечка логика…

Исто како шо му го прават името големо на Корона, за да можат после поскапо да ти го продат, така тиа терк е влезен во секоја пора на секојдневниот живот.
Пред некој ден испаднав да си купам една блуска, обична пролетна, памучна блуска. Не сакам да е изнапишана и не сакам да има капа!!! Блуска обична памучна блуска. И на крајот најдов. Најобична еднобојна без капа блуска. Ме бендиса. АМА за ќедарот не забележав дека некаде долу лево скоро и неприметно зашиено логото на една американска “марка“ ! И после ми стана јасно зошто и е цената “згрешена“.  Не можам и не скама да сфатам зошто ЈАС би дал МОИ пари за да “рекламирам“ име кое ЈАС со МОИТЕ пари го правам големо?!?!? Брату, најди си друга овца…. јас ќе си носам кошула ако требе.