9-ти март.

Денот после 8-ми март, интернационалниот женски ден, интернационалниот ден на жената, денот на интернационалната жена… до душа нема врска како се вика, важно на “жената“ да и одадеме почит и важност. И ваа пата беме стварно примерни. Не завршиме кака “матуранти“ во име на женскиот ден. Се организираме во мала група и направиме мала екскурзија. Прошетаме околу еден замок и преку еден дрвен мост, апнаме у еден ресторант и сите среќни се вратиме дома.
Ниа “луди забави“ во чест на жената каа мажите ќе се изопијат и ќе изналепат пари на певаљката! која е поканета во “чест на жените“ некако ми станаа не одвишни, туку и одбојни.
А има. Има уште организации и организирани собрании на жените. А колку Македонската жена е силна и поносна, покажува и овогодишните прошетки.
Корона вирус? Мислиш некоја настинка или вирус ќе ги запрел Клара, Роза или недај Боже Вера Циривири Трена?!?!?

Нема бе ако треба и ќе се гине и сите околу нас ќе ги ставиме у опасност ама чајанка мора да има!!! ТОЧКА!

Да ги памтам тиа празници, каа мораме да научиме стихотворба за мајката и каа учителките беа среќни кога ќе му изрецитират песничка и добијат по една роза …

Јас ногу го обожавам моментот, кога човеците со денови, недели, месеци, плукат по “комунистичките придобивки“, а ќе дојде ли некој празник и ако е “комунистички“ ОП –ни одговара!!!

До душа денешната, силна, храбра, самостална, самоуверена жена нема потреба да се бере за некои си идеали, па може у вакви ситуации да си ударе на весеље.

Да живее 8-ми март!!!

А за шо беше се бореа Клара, Роза, Вера … ???