чудење …

Јас како електричар знам, ако сакаш да доживеиш длабока старост како електричар, треба да пазиш да не те „фане“ струја т.е. да треште салам.
За тоа секогаш ја исклучуваш струјата или пазиш да не станиш дел од “струјното коло“. Иначе електриката е заснована на формули, закони, норми и ноогу логика.
Затоа у последно време ногу ме замислува мометалната општа состојба, во Светот…
Најновиот Корона вирус зема сѐ поголем замав низ цел Свет или барем стравот и “маркетингот“!!!
Колку сето воа е вистина или циркус ќе разбериме за некој месец, година…
Најинтересни ми станаа препораките на Швајцарската ни Влада која препорачува хигиена (миење раце) и дезинфекција.
Ниа шишенцата со дезинфекција веќе не може никаде да ги одминиш. И сега од каа ќе ги намачкаш раците со тоа, одма мислиш дека си ги уништил бактериите.
Тука тоа мене ми нај не јасно! Ако со “ракија“ се уништуват демек вирусите на Корона, оти нема лек против неа?
Или воа со дезинфекцијата е сај за позитивни мисли….