ЖИВОТ – компот … # 473

И пак!
Вечното “воа да помине и после…“

Да завршиме осмо одделение, после …
После екскурзијата…
Да фаниме просек, после лесна е…
Да завршиме средно…
После војската…
Само две – три сезони…
Дури децата не почнат на школо…
Децата школото да го завршат…

И така секојдневно сме во исчекување на нешто да заврше, за да почниме да живеиме и ги спроведуваме плановите. Нормално сѐ се движи сѐ се менува, па така и нашето секојдневие, па така и прилагодувањето на плановите и целите…

Моментално сме на: “да помине воа епидемијата и после…“
Да пак животот си оде а ние се прилагодуваме.

и така си одиме секој ден,како дел од тиа “прежалените“ и глумиме секојдневие (нормала) у цел виа хаос.

Одиме на работа и се радуваме на утринското сонце кое упорно ни го просветлува денот…