“ОФАРБАНИТЕ“

ОТПИШАНИТЕ! Отпишаните се првата серија шо памтам дека сум ја следел на телевизијата. После, во епохата на телевизијата се редеа ред други серии. Обично пратев од научнофантастичните или комедии. Ама после некое време сите ми досадуваа. Сите кои имаа повеќе од 6 – 8 продолженија некогаш ќе се “истрошеа“ со идеите и самите се утепуеа…
И така од пред некоја година веќе не следам ништо, сериите се тиа, исти шеми, филмовите се веќе изгледани, Том И Џери наоѓам у секој филм. Чат – пат ќе начекам некоја комедија, колку да помине некој саат. Ама најголемото време у денешно време се поминува секако пред воа Интернетот.
И тука, на јутубето, си гледам тоа шо ме интересира, ама да не е подолго од 15 – 20 минути.
И така ги “одкрив“ виа “струќнаците“ кои ги објаснуват новите фотокамери, објективи, а чат – пат кажуваа и по некоја финта за фотографирање. И ги гледав, тојца – четворица кои мислев дека се поозбилни и дека нешто разбират од фотографијата.

Еве не снајди ситуација да со денови седиме по дома. Време за уште повеќе му се предадиме на интернетот и медиумите. И време у кое сѐ повеќе ти станува јасно дека сме испорачани на медиумите  и на  парите.

Горе спомнатите влогери кои со “епизоди“ и години тврдеа дека се независни полека почнуват да прават реклама наголемо за поединечни продукти / фирми.
И истите тие кои до вчера се заколнуваа во “мануелен модус“, наеднаш извадија, филтри, плагинс и ред други џиџимиџи за подобра фотографија по цена:
Мене не ми е јасно како така да такви експерти наеднаш презентираат и еден куп програми и додатоци за програми, нели мануелниот модус е за професионалци? Шо ќе ни е сега фотошоп, луминар … & co. сега наеднаш?

А да, затоа шо конзументите на фацебук, инШтаграм и останатите медиуми кои емитираат во колор, сакаат сликичките да ги пренесуваат чуствата, па макар да бојата била +75%…