Корона – Тотал

Ако преживеам…

Има експерти кои во турбо-модус, моментално по интернет СЀ знаат, затоа јас ќе почекам со објавувањето на овие записи.

Од една страна затоа што тука нема ништо поучно за спас на Светот, а друга страна затоа шо овие записи не се директни “упатства и совети“ како да ја преживеете короната.

22.03.2020
Дека човекот е нај интелигентното животно, не е спорно. Ама дека е животно, да не речам говедо, тоа исто така не може никој да ни го земи. Момемтално на човештвото му се случува најголемиот испит и на него паѓаме како скапани круши. Општеството се соочува со нешто, а тоа е, што полека ама сигурно го губи респектот и почитот. За тоа па, на квадрат се зголемува егоизмот и себичноста.
Кој некогаш бил бригадир на работните акции, десетар во војската, некој си секретар на некое си друштво… тој сигурно ја има почуствувано немоќта да  донесе исправна одлука – за сите. Така и во виа немирни времиња има влади и влади кои пробуваат да се справат со ним им зададената задача… Задача со ногу непознати. И така додека некои влади сеат пораки, други сеат страв. Тоа е изгледа нормално. На еден народ, или на група луѓе, свест не им се дава преку ноќ, ама страв за неколку мигови. Па така секој спрема заслугите.
А народот како народ. Стадо. Едните викат бидите мирни, другите се прават дека се мирни и дека тоа за нив не важи, па така со виа клетиот вирус ќе се бориме со месеци, изгледа.

Како и во шахот, така и во животот има крал, кралица, неколку лигавеши и пиони. И најтешко е тогаш, кога ќе реализираш дека си пион. Обично, мало, нема врска бело или црно, ама пионче. Планирано да бидиш “планирана жртва“. Од една страна ни расправат дека е нож до коска, од друга страна ни го забиват ножот у грб. Ќе разбериш  дека сето оро се врте околу парите, кои сега не ги сакат ногу – “ќе ве молиме платите со картичка, не примаме пари поради вирусот…“ ДА и тоа е еден степен од зацртаниот им план.

Дека човештвото сме постанато куп идиоти се повеќе се потврдува! Од кога прогласија вонредна ситуација во Швајцарија и Владата на Швајцарија дава препораки да не се шета ногу, затворија еден куп продавници и локали кои не се од “витален значај“, за да се избегнуваат контакти со ногу луѓе, … во сепарацијата во која јас работам и во која обично опслужуваме неколку фирми  неделно (3 – 5) зависно од нивните градилишта во момент и локалитет, ОВАА НЕДЕЛА, КАКО НЕКОЕ ПРОКЛЕТИЕ, СЕ ИЗВРВЧИ Сѐ ДИВО И ЖИВО ШО ЗНАИМЕ И НЕ ЗНАИМЕ. Човек не треба да биде песимист – доволно е да го уклуче мозокот и ќе му текне дека судбината ќе не стигне и нас (кога и да е).

Оваа, прва недела на вонредна состоба, “превртуваме“ по едно 1000 кубика песок дневно. Тоа е солидно ама не нешто шо неможе да го совладаме. Сме го работеле тоа често, и повќе. И обично за тоа беа доволно три камиони, со тројца шофери кои самостално се опслужуваат, читај, сами си ги прават документите. Оваа проклета недела, се изврчија, како шо реку, сите знајни и незнајни муштерии, 80% од нив мораш лично да ги средиш – документално…

Да тие моменти додека “вриев“ внатрешно, ми стана јасно колку човекот е бедно суштество, зинато по профит и алчно до безкрај. Исплашени од ситуацијата, дека е можно и градежништвото да го затворат, се работе со претеризам колку шо не е можен, само да се “осигура“ работа кој можеби ќе биде поместена месец два, можеби.

Од сета ваа секако ќе има и профитери и жртви. И од тиа и од тиа ќе има некои кои без своја воља тоа ќе станат. Ама има суштества кои свесно ја користат ситуацијата и маката на другите. И најтрагично е шо голем број од тиа после сета ќе си свиркат и ќе се прават каа ништо да не било ….

Од друга страна сабајлево во 4:50 (средно европско време ) почна пролетта.

А нив, на пролетта и природата, кур ги боле какви игри си играе човештвото, они си ја терат нивната работа. Дрвата напупиле, грмушките расцветале, езерото мириса на свежина…

Кој ќе преживее, ќе може да им се радува.

27.03.2020
А преживеаме.
И, а изработиме.
Втората недела на “вонредна состојба“. Месец март лето Господово 2020 , обично во “нормалните години“, некако месец март е за “стречинг“, на градилиштата и во таа бранша. Во март имаше снег, повќе или помалку. Во Март имаше мраз, повеќе или помалку. Во март се случуваше ноа да видиш шо другите мислат и шо работат.
Март 2020. Време на корона вирус. Време на вонредна состојба во Швајцарската конфедерација (првпат после Втората Светска војна).
На градилиштата и околу нив се работе како во нај јака сезона. ТУРБО. Кога сѐ е затворено, градилиштата работат со полна пареа , ма и со сите ресурси шо располагаат. Како да веќе нема утре.

Година  2000 и кусур. Немаше ни вируси, ни »G5«, ни мигранти од Сирија & co.
Еден од нашите најсакини муштерии, кој има секогаш специјални желби ама никогаш не прави муабет за пари, почнува во ноември големо градилиште (не секојдневно). Со договори, преговори, постигнуваме разбирање да во не сезона го снабдуваме со специјални материјали. После неколку средби и “икс“ кубици издаден материја го прашувам: “добро Верни, шо те натера да сред зимо работиш на овој проект?“  Човекот благодарен шо правиме напори да ги задоволиме неговите потреби одговара: “за господинот … “филанкиш“ … работам со години, овој проект е околу 750 000,- франака, требеше да го работиме следното лето, ама, слушнаме дека е болен и не се знае дали ќе преживее, а како ќе бидиме со неговите наследници незнам и затоа сега се праве, дури не умрел…“

И така оваа 2020 година, уште не салам почната ме потсетуваат на зборовите на Верни, “да почниме, дури не умрел!“
Курдисале сите, од кога државата прогласи вонредна состојба, каа да сите наскоро ќе умираме. Се работе наголемо. Тиа 800, 1000 кубика, шо ги издаваме дневно, не се проблем. Имало денови и кога ногу повеќе “поминувале низ наше раце“, проблем е шо од една страна викат седете дома и избегнувајте контакти, а од друга страна на плацот ти се врвчат од триста кура деца….
Човеци, ќе чистам, и ќе ринам со лопатата, ама дај одморите ме од посета на разноразни курајбери…

29.03.2020

Сабајлето го “смениме“ саатот. Се уклучиме на летно време. Ваа година, интересно беше шо никој (радио, весници, телевизија, разноразни интернет портали, … никој) не беше заинтересиран да од минатата среда не “потсетува“ како и зошто се менува саатот. Да синоќа, на некој (телевизијата) му текна и спомна дека се менува времето.

Слушам (читам) у Македонијата дури и построги мерки на заштита од вирусот се спроведуват. Се затвараат сите продавници и локали …
И ОП!!! наеднаш се може да се преживее и ако се затворени продавниците !!!!

Пак ќе поФторам: човекот е најќурук животно.

Моментално, покрај СветЦката Пандемија ни се случува и со масовно медиумско труење! Не да сме преплавени со информации, туку сме удавени, потопени и шо уште не, со информации. Нормално еден човечки мозок, со неколку стотици вијуги неможе ниту да ги преработи, а не па да ги оцене кои се точни и веродостојни информации. НО, тоа е тоа. Не строат како овци у трлото пред стрижење. И сите ќе поминиме на крклезите – кога ќе не прозивнат!

Фотографијата, моја занимација, пасија и бегање од секојдневието. Нераздвоен придружник на моите патувања, прошетки, дивжења – фотокамерата. Не, не сум сценарист, јас сум обичен бележател на моментот. АМА, и за тоа треба ситуација. Во овие “тмурни“ времиња, тешко наоѓам мотиви за моите убави фотографии. Природата која се буди во сета своја раскош не сакам да ја фотографирам зошто мислам ќе се гледа сета моја моментална не мотивираност.

30.03.2020

Заврна снег. Од кога помина без снежната зима, снег заврна во пролет. Добро, не ногу, ама 10 – 15 центиметри мокор снег…

“После оваа пандемија нема ништо да биде како што беше“

ТИКВИ!
Сѐ ќе се врате во “нормала“ и тоа побрзо одколку шо мислиме и сакаме.
Доказ?
Еве:
30 Години работам во сепарација.
30 зими претераме. Шо појаки, шо послаби…
И секогаш е исто!
Ќе заврне снег, муштериите се силат дека се “професионалци“ и се фалат со ноа: нема лошо време само не соодветна облека, па се тискат работите на сила,  се влече песок, со снег, без снег …, се работе демек, нормално е сѐ.
Ти секогаш викаш: човеци не бива ваква работа на вакво време, почекајте ако не до утре, барем до ручек!
НЕ, се влече песок…
И така два – три саати, и уште не почната паузата за појадок – це испукат, ќе заглибат и ќе осетат дека стварно а заебале работа.
И се прекинува.
И се почнува со “поправки“ на заебаната работа, два – три денови…
И така секој пат наново, после секој нов снег… 30 години (за толку јас можам да потврдам).

Така ќе биде и после “пандемијата“, пак ќе ги летниме авионите..
и ОП! ќе го тераме Велигден, некаде,
да, може и малараија или такво нешто сеа да си донесиме, одамна немало…

04.04.2020

Деновите, и ако каа плева, си врват ѓоа ваквоа. (ај чи Гоогле преведи го воа да те видам! 😉 )
Си штракат они така, еден по еден, кој со снег, кој со ветар, кој со сонце, а ние и понатаму вегетираме на ваа дуња. Моменталната ситуација неможе да се рече живееме, туку е некоја состојба на исчекување, вегетирање и надеж. Надеж дека еден ден ќе помине сето воа и ако за ништо друго барем побогати  за сознанието дали сето ова беше закана за Светот или успешна маркетиншка акција…
Во секој случај моментално ич не е интересно.
Уште од средата (кога имаше уште снег) се ребрев за возење со моторот за викендов. Да, се најавуваше убаво време. И бидна. Силно светнал ден, сабота. Панталоните и палтото испрани, кацигата исчистена и полирана, батериите на фото и видео камери наполнети, јас “наострен“ шо да ти расправам…
Запалив моторката и тргнав.

Јас се надевам, дибоко од душата се надевам дека ноа: “после ова, Светот нема да биде ист“ нема да дојде. Јас сакам да биде пак сѐ како шо беше. Сакам да имам мерак на возењето со моторот, сакам да ги забележувам убавите бои на природата, сакам да застанам и да пиам кафе кога ми се пие и каде ќе ми се препие… Не, уште на првата кривина со плакати те повикуваат да се осеќаш крив за настанатата ни вонредна состојба. “Ги замолуваме мотоџиите да не се возат со моторите, бидејќи АКО ПАДНАТ и ако се повредат потешко, ќе им го земат местото во болницата на некој кој МОЖЕБИ ќе се разболе од корона!“ Вака нешто беа повиците на полицииските служби на повеќе Кантони.
Да бе. Секој моторџија излева да вози мотор со ниет да падне!!!
И така се возиш и мозокот само тоа ти се врте: не биди зазимач на кревет, не биди зазимач на кревет!!!

Добро бе “власти“, каде е еден од вас и да рече: Гого, не оди на работа! Имаш контакт со десетици муштерии дневно, а исто може да се повредиш на работното место и да му го земиш креветот на некој во болницата кој МОЖЕБИ ќе се разболе од корона! Каде е тиа “човек“??? Преку ваквоа ми е дојдено од воа лицемерство. Може некаде погоре ми е веќе напишано, ама ме нервира глумењето загрижени власти. Се грижиме и “удараме“ кај можиме, ама каа ќе дојде до точката ПАРИ … одма се прилагодува сѐ.

06.04.2020

И така тивко и без срам се “удомија“ “сошил дисцансинг“ и “пик“. И тоа пикот или по нашки уште врв, го доживеаме денеска… ВРВ на човечката збунетос предизвикана од вонредната ни ситуација у Швајцаријата. Иде муштерија, долгогодишен, во сепарацијата и зима материјал за да може да работе, плочи или коцки ќе редел, и си зема материјал и после со муабет не “искара“ шо сме работеле во оваква ситуација кога пола услужни фирми не работеле. Требело да не работиме,  ма не сме смееле да работиме!!! Прво се вртиш лево-десно и гледаш дали зборува со тебе. Второ, се штипнуваш и сфаќаш дека не е сон. И трето, во недостаток на зборови, му се кезиш у лице … , бил стар муштерија или не.

И така почна уште една работна недела, четврта после прогласување на вонредната состојба. И како прв ден оваа недела, може да се рече мирна ќе биде. Се “испукаа“ наа првата, каа мисле дека сета работа треба у три денови да се заврше. И така од “рели“ испрешатуваме до “втора спора“. Да, уште воа со преплавата на информации да се намале, И ОП, Велигден ќе го пречекаме нормално…

13.04.2020

Црквата т.е. камбаните се сокапаа уште сабајле. Ѕвонат, тропат, си ја бркат работата. Денеска е последниот слободен ден од продужениот Велигденски викинд (по Грегорианскиот календар) и веќе незнам која недела од вонредната состојба во Швајцарија. Да, еве сега рачунам, завршува четвртата недела, и ќе оде уште недела – две…

У виа четири недели доживеаме работини какви ни у цртаните филмови не беа измислени. Се изнаслушаме струќнаци и експерти, се изначитаме на филозофи и теоретичари, И сега можам да кажам уште еднаш (незнам по кој пат) “човекот е најќурук животно!“.

Уште у времето на Адам и Еве, забранетото било најубаво. Така и сега. Сѐ шо ни бранат, демек ни фале. ТИКВИ. Тоа само покушај да се испадне од небитноста и демек ти не си можел без “сошИЛ“ контакти па ребелираме против Владата. Да, и јас сум еден таков, не седам дома. Неколку пати го извозив моторот и покрај сите препораки и молби на властите да не возиме…
АМА уште повеќе пати одев и на работа. И ногу пати имав ногу контакти со ногу човеци, одколку на моите 800 – 900 извозени километри.
Да, ќе седам дома. Мене не ми е тешко да си најдам и по дома занимација, ама ај да се договориме, да не одам и на работа! Оти воа нивното ве молиме седите дома важи само ако сакаш да си ја исплакниш душта, за на работа не важи. И така ни преостанува да го уклучиме “здравиот човечки памет“ и да без големи последици го претераме воа сето.

А случајно ако не знаете како понатаму, уклучите фацебу / јутубе & co. и пратете ги видео советите на безбројните експерти кои ви се обраќаат возејќи се со автомобилите по белосветските џадиња… Од кога ќе ислушате (ако успеете) две три такви, потполно свесни излевате од дома и се соочувате со непосредниот пропаст на Светот….

14.04.2020

Прв работен ден после Велигденските празници.
Вонредната состојба уште трае и ќе трае најмалку до 26-ти.
Машините у сепарацијата дробат уште сабајле.
Муштерии ?!?!? Муштерии нема.
Труица / четворица цело предпладне.
“Стање НОРМАЛНО!!!“
Па да, ја ЗАВРШИМЕ сета работа пред празникот.
Шо беше за ширење и собирање, се прошири или се собра.
И сега уште флизерите да работат сѐ ќе биде нормално.
Нема да се осеќа вонредната состојба.
Вака, ќе треба сами да се пострижиме, а тоа, тоа ќе оставе длабоки “белези“ кои долго, долго после оваа вонредна состојба ќе бидат осетливи

Денеска го објавувам ова, оти стана големо четиво…
Состојбата не е надмината, ама за крајот и последиците во некое од следните пишувања…