Криво дрво

Швајцарија е убава. Швајцарија е зелена. Швајцарија е средена.
ДА, сето тоа е така. Ама не оти само Господ и дал, туку и оти човеците си ја бркат работата и ги прават работите да бидат убави. Каде це појаве “криво дрво“ одма се исправа, по потреба, за да брка работа. И значи ако Франц не а разбира работата, ќе го праша Сепи и виа ќе му каже на Рето, кој шо а знае таа работа, да а сврше работата. И така си функционира… секој си ја брка и работе таа работа која ја знае. И ако некој нешто не знае, не почнува да биде експерт за таа работа, туку ќе најде некој шо а знае таа работа и ќе го задуже (ќе му плате) да а сврше работата.

Значи јас најногу ги сакам ниа “срцките“ кои наголемо по социјалните мрежи сѐ и сешто знаат и се фалат, ама каа ќе му напишиш критичен коментар – го бришат коментарот, оти не е од стилот “леле колку убаво“ “браво, цар си“ “прекрасно“ …

А бе деца, со бришењето на коментарите кои не се по ваш терк само покажувате колку сте “плитки“ …