Желба

Во ова време, време на “Covid 19 & co.“, ограничување на движење и живеење, контрола на послушноста, медиумско ставање у ред… колку и да не сака човек да биде овца у стадото, пострижен ќе бидиш на овој или оној начин.

Условени од ограничувањата, лутаме по интернетот во потрага на бегање од секојдневието. А таму моментално – ХАОС!, анархија, испливување на од Берти (Алберт Ајнштајн) дефинираната “човечка глупост“.

Тефтерот трпе сѐ! На рабушот има секогаш место! Интернетот никогаш не заборава!
Е воа последното, “Интернетот никогаш не заборава!“, оно, оно на сите ќе ни ебе мајката. Ќе поминат денови, месеци, години, … генерации, ама некогаш ќе не стигне и ќе не шибне со сета суровост. Затоа човеци – пазите шо пишите!

Денеска денот беше прекрасен. Беше заврнало ноќеска, малку, па воздухот чист, на небото облачиња, сака ли човек да фотографира…
И да, камерата ја извадиме и ја уклучиме. 100 и кусур, со зборови – сто и кусур пати шкракпнато. И од тиа 100 и кусур фотографии јас би одбрал едно десетина кои “можат да се користат“.
Да, кога ќе преспиам и ќе “легнат“, ќе останат уште 1 или ни една, ама тоа е тоа. Разговарајќи, дружејќи се и со муабет сѐ повеќе излева дека јас сум заостанат, застарен, море диносаурус у фотографијата…
Да, од тиа 100 и кусур, со “фотошоп“, “луминар“, & co. би направил 300 фотографии (со букви – триста) ама тоа не го сметам за потребно. Денеска, овој прекрасен ден, поминувајќи преку 160 километри, “фанаме“ само две фотографии, – тоа е многу добро! задоволувчки.
Да, ќе останам на мојата филозофија. И на мојата љубов кон чистата и вистинската фотографија.

И една молба до сите блогери, влогери, писатели, инфлуенцери и други заболени: “не си ги пуштајте глупостите, колку шо не ви е д’га чергата!“