За среќа треба време…

Ставаш у недела сабајле,
и наместо дожд и магла, сонцето го осветлува чистото небо.
Уклучуваш кафемашината, компјутерот и се мислиш дали да палиш моторката…
Пииш кафето, проверуваш кои превои се отворени и одлучуваш – палиме моторката, еебаго, за шо работиме!

Набрзинка спремени, качени на моторот и правец Алпите. Префрлуваш првата нагорнинка и првите утрински сончеви зраци те осветлуваат. Лев жмигавец, да поминиме покрај Лауерц езерото, може ќе има некој рибар да направе убава поза… И тука ти текнува. У сето експрес спремање, ти текнува шо си заборавил – поларизациониот филтер. Не си далеку од дома, за десет минути пак си тука, ама Баба Зора, она викаше “синко, каа ќе тргниш на пат, не се враќај шо и да си заборави – невела е!“
Се спријателуваш со фактот дека денеска ќе неможе да ги искористиме полезностите на поларизациониот филтер и ги газиш упорно километрите…

После само 10 – 15 километри, од кога го преболиме заборавениот филтер, се соочуваш со ново разочарување.
Чуствуваш како се руши целиот твој универзум….
Уште од мал, каа почнаме да возиме точаци, па моторчиња, па мотори, секогаш не “учеа“ старите дека у месец со буква “Р“ не се возе.

И еве сега, месец МАЈ. Нема ни Р, ни Л. АМА ИЗМРЗНАМЕ!!!
За разлика од предходниот месец апРил каа се воземе на маичка.
Сѐ е пореметено. Облечуваш резевната џилетка и шибај, кога и да е ќе испадниме од виа сенките…

После ногу пати, повторно по регионалниот пат Брунен – Алтдорф – Андермат… Некое језиво чуство. Ни трага ни глас од сообраќај. Тука таму по некој локален реис и по некоја залутана кола. На автопатот гледаш – празен. Грешка да не сум? Ама нема забрана за движење во Швајцарската Конфедерација.
Ништо, си го уживаме целиот пат за нас…

И така од една непланско возење испадна прекрасно поминат ден и километри.
Човек не осеќа колку е среќен губејќи го времето во чекање на НЕШТО. Апнатиот сендвич на патот над Андермат, испиеното кафе на превојот Обералп, освежувачкото сокче на брегот од езерото Вален …
Фотографиите, не чекав дека ќе бидат “нешто“ , разочран заради заборавениот филтер.

АМА ОП!!!

после тридена повторно ги гледам фотографиите, по незнам кој пат, и полека се спријателувам со неколку од нив. Има употребливи.

Значи стварно, за среќа треба време.
А и среќата е тука, со нас и секогаш. Само понекогаш ја игнорираме и забулени по некои работи кои мислиме дека ќе не направат среќни, ни и даваме да делува на нас….

п.с. да, на мојот youtube канал може да видете фотографии и видео записи, кои ете, само на тој канал ги има…
понекоаш ќе ставам и на фацебукот и на инстаграм, ама “количински“ се на јутубето