Проклета је Америка и злато ….

Изливи на патриотизам, секој пат кога ќе не потсети некој датум. Еве јас моментално сум у држава кај што има други патриоти. И да, и јас  помислив на „Дванаесетте младинци“. Да и јас помислив за која идеологија они погинале. Да и јас помислив колку подло си играеме со тиа жртви.
Дали е патриот патриот, ако на социјалните мрежи изнапише националистички пароли, или патриот е тој шо на национално ниво направе некое социјално дело???

Каа шо реку, пак сум у туѓа држава со локални патриоти и сопствени жртви. Шеташ и гледаш и сфаќаш дека се поголеми патриоти од потомците на Александар III Македонски, И ВЕЛИКИ!

Одиш по градови села, возиш по патшта и гледаш дека покрај сите невољи и војни кои ги поминле, и покрај скоро истите политички шеми „патот му е исправен…“ 

И така дури се лафеше за едните жртви, ОП! нов датум, нови херои за величење.
И пак истите муабети на социјалните мрежи – кој, колку, дали, зошто заслужува да се слави?!?!?

Еве втора ден, седам дома, у мојата втора татковина, и уште неможам да ги преработам впечатоците од Хрватската. Јас, со фамилијата одеме по примерјето на одмор кога горе по Славонија уште пукаа и допукуваа.. И тогаш беше тејно. Сега ваа пата се осеќаме како некои “важни личности“ кои цела плажа си ја имаат само за себе. А во ресторантите, целиот персонал работи и те служи само тебе!!! Од се срце им посакувам да имаат успешна сезона, оти како шо беше сѐ средиле заслужува да се искористи тоа.

а иначе, исто :
http://www.ristovski.ch/2018/05/08/одморска-омраза/