песок, мерење, 50мм

Јуни 2020
Средина на месец јуни, лето Господово 2020. Границите по Европата се отвараат полека, не секаде, ама за некој ден ќе бидат официјално отворени. До Хрватска се одело без проблем. Па така планираниот „излет“ го поместиме некој ден порано. Вонредните состојби шо владееле во некои и што владеат уште во други држави се осетија уште на влезoт во Италија. Цели 7 минути чекаме!!! Сообраќајот во Италија и покрај многуте работи на патот и безбројните шлепери се одвиваше без никакви проблеми. 
И пак граница. Сега ќе влегуваме во Словенија. Човеците од колата пред нас со италијански таблици нешто покажуваа, еден куп документи, листови  (јас се замислив!)  почекаме малку и ги пуштија нив. “Добар ден – добар ден. Он ме гледа јас го гледам…. Он вика: некој документ ?!?!? јас: каков документ??? Он вика: нешто, пасош, лична карта, возачка, било шо да видам кои сте! Леле човеци, еден срам каа ме фана. Ѓоа првпат на граница да идиш… ај брзо барај тоа личните карти кај беа… ги види од далеку без да ги фане со прсти и праша каде одиме, му кажаме дека сме тргнати за во Хрватска на некој ден одмор, среќен пат, беше последното од словенскиот службеник…
Влеваш у Словенија и си се возиш по тиа прекрасните патишта со дрвореди од двете страни – оооо, какви чуства будат. И така после нколку километри и села ОП – пак граница. Хрватска. Е сега ќе видиме како и дали ќе поминиме. Пак некој, неколку коли пред нас, гњаве… После десетина минути, му текна на тиа полицаецот и го истрани човекот настрана, тргна колоната.
Добар ден – добар ден.
Каде одите? На Крк.
Среќен пат.
Добар ден вам ви поскувам…
Влегуваме у Хрватска и пак по тие селските патчиња, дури не се уклучиш на автопатот за и околу Ријека. Првиот впечаток – чисто, средено и без гужви на патот. По ресторантите и кафаните до патот тука таму се вртат јагниња и прасиња, – ама празни кафани.

Титов Мост (или Крчки мост), да префрлиме на Крк. 30 – 40 куни шо ги платиме за користење на мостот биле последните. Сме а имале таа чест да поминиме последните денови преку мостот на кои уште зимат мостарина. Така и беше. После уште неколку пати го извозиме безплатно!!!

И така неколку денови повторно уживаме на “нашето море“!
Може да се рече еден од “поуспешните“ одмори во последно време!!! Времето супер, друштовот на ниво, ситуацијата ТОП!!! Кафани, ресторанти, плажи, сѐ, сите спремни за гости, а гости нема. Па се осеќаш како “вери импортанте персон“. На плажите како да се твои приФатни, ресторантите цел персонал за тебе работе, на билетарите – прв. Убавини. И пак ќе нагласам, секаде средено и чисто!!! Значи ако се дава оценка од 1 – 10, јас на хрватите моментално би им дал 18!

Е тоа за убавите страни на одморот.
А шо Македонец ќе бидам јас ако не најдам нешто и лошо???
Одморот планиран не како чист “одмор на море“, со целодневно печење на с’нце и мерење у песокот… Желба, малку да се прошета и при тоа да се посетат Плитвичките езера и некако да “допрам“ до напуштениот хотел Халудово.
И едното и другото остварено, и како бонус- Бриони, или по хрватски – Бријуни.
Е тука е првото неубаво или поточно кажано – не идеално. На Гого му текна да ваа година 2020, цела година а помине со еден објектив на апаратот. И тоа еве успешно го спроведувам веќе 175 денови. АМА, за у ноа хотелот како ќе бе среќен да ми беше 17-ката или барем 24-ката… Ништо, помин нека има. А и сега вака – има некоја употреблива фотографија.

Поука: “50 мм објектив е убав, ама не за у секоја прилика.“

Втора работа шо не ми се допадна у Хрватска – чистотата и среденоста. Не дека не беше чисто или средено. И повеќе од тоа. Хрватска ми делуваше како млада невеста, накитена, дурдисана и го чека момчето… Сѐ беше на свое место. Дали ресторанти, слаткарници, плажи, националните паркови секако, патиштата на најдобро ниво. Сѐ.
Не ми се допадна фактот шо Хрватска тоа сето го има под контрола. И покрај нивните си внатешни политички препукувања и покрај тоа шо до скорото беа демек у војна. Значи човеците стиснале забите,засукале ракавите и направиле нешто од тоа шо го имат – и тоа како!!!

Кога бе еднаш ние Македонците шо до ручек се удараме у гради како потомци на Александар Велики, а поручек пеиме патриотски песни у сите можни тактови ќе се удариме у тоа црпките и ќе почниме да правиме нешто за тоа парче земја шо се вика Македонија.

Тоа ме нервира, и не само у Хрватска, во повеќето држави каде беше сум поминал.
Како можат СИТЕ да ги користат сопствените ресурси и си го прават живото убав, сега, и на ова место.
Изгледа другите немаат: “ќути има и полошо“ и “арно е, поминувачка нека има“ …