средување на мисли, впечатоци, фотографии …

Една недела помина. Фотографиите средени, впечатоците уште не.
Има одмори, или денови кои треба да бидат одмор, ама кои најногу сакаш шо побрзо да ги заборавиш. Последниот наш излет / одмор дефинитивно не е од таа сорта. Планиран излет кој прерасна во прекрасен одмор. Планиран како продолжен викенд испадна убав одмор за паметење. Одмор кој мислам (и се надевам) нема никогаш да се повторе. Бевме кај пријатели и пречекани и угостени повеќе од пријателски! Останува да памтиме и да им се “осветиме“.

Дури беме на одмор само уживаме во спокојот и љубезноста на туристичките работници. Спокојот од намалениот туризам предизвикан со ограничувањата при патување заради виа досадниот вирус, а тоа пак повлекува да во ресторантите, слаткарниците и другите туристички објекти, малкуте гости бидат најљубезно и експедитивно услужувани. Ме бендиса.

Да дури после неколку денови сфатив дека ова што го доживеавме е еднократно (се надевам). Такви услови, вонредни, незнам дали ќе “искористиме“ некогаш пак, ногу сакам да не биде така.

Бидејќи, колку и да се радуваш на мирот и спокојството исто толку се осеќаш неугодно кога ќе помислиш на сите препораки на СИТЕ држави за борба против вирусот Корона….

И на крајот, поминуваш блиску Умаг, покрај Трст, Венеција, Верона, Милано, Комо, Лугано …. и стотици други места во кои може да се направи супер посета/излет, ама секогаш прво е нaа во мислите: “ај не си го барајте сеа со бурина“! Па така тиа 700 и кусур километри ги поминаме у 7 саати…
Се надеваме дека ќе има и ќе дојде време кога повторно “слободно“ ќе може да се движиме, па да “скршниме“ од патот, некогаш…

Фотографии од патувањето до и низ Хрватска…

» Hrvatska, Juni 2020

» Plitvice

» Rijeka

» Brijuni

» Haludovo