Déjà-vu

“Мајсторе, не би ви препорачал да денеска со тој материјал го работете тоа што сте го намислиле.“
Тоа, уште пред 20 години, престанав да го кажувам на муштериите кои после обилните дождови или додека и уште врне дожд доаѓаат и земаат материјал за тампонирање на земјени патишта, со ниет “дупките да ги потполнат“. Секој си “градител“ на својата судбина.

Некои работи никогаш не се менуваат.

После дождливата ноќ, тргнуваш на работа и дожд врне како за на светско првенство. Брисачите на колата морат салам да се потрудат, за да колку толку го управиш патот. Возиш така накај работата и си мислиш, покрај тоа шо денеска ќе бидиме поштедени од г’тање прашина, исто така добро е шо ќе нема стрес на работата. Нели врне, а нашата работа е директно врзана со градежните работи на отворено.
И стигнуваш опуштено на работното место15 -20 минути порано, за да на мир го испииш утинското кафе.
ТИКВИ!!!
И наместо кафето, те расонува глетката на три-четири камиони кои “чекат“ пред вагата.
Добро утро – добро утро.
– јас сакам да земам од тиа песок
– јас морам виа материја да го искипам,
– може ли камења да ме товарите се брзам…

Добро утро добри луѓе, моментално е 20 минути до 7 часот. Ние со работа почнуваме во 7. Овие 20 минути се мои минути и ми се за да си го испиам кафето на мир. – мојот одговор, па макар и идиотски.

Нормално тоа кафе ти “флева у грбот“, за тоа шо ги гледаш како нервозно “ѕипат“ околу камиони… у меѓу време идат и муштерии кои идат по двапати во секоја висококосна година. А тие се најгласни со тоа како треба да си ја организираш работата…

Нејси, сите беа “средени“ и испратени до 7:20, кој малку повеќе накиснат, кој малку повеќе наапан… Ама тие работи веќе ниту ме тревожат, ниту ме нервират ниту па очекувам дека некогаш ќе се сменат.

Еве сега е време за пауза (9 и нешто…) и веќе и “најцврстите професионалци“ за кои “НЕМА ЛОШО ВРЕМЕ, ТУКУ САМО ЛОША ОБЛЕКА!!!“ ги снема, заглибија у некоја кал… изгледа. Или осетија дека и со добра облека, кога јајцата ќе ти се намократ – џабе е сета.

Некои работи у животот (и на ваа дуња) никогаш нема да се сменат.
Каа ноа, коа насабајле автобусите возат полека, за да стигнат на време.
Каа шо секое второ сабајле нема доволно вода у машината за првото кафе.
Или шо има избори во “некоја држава“ во која имаш избор помеѓу “змијата и магарето“.

А да, тука оде наа Македонска мудрост:
ЌУТИ, ИМА И ПОЛОШО…!!!