Возачи од ситуација…

И пак ќе се вратам на онаа епската:

“Го пратиле Зајко на стража,
пиштол нов му дале и фишеци пет.
… “

Лето Господово 2020-то. Месецот летен, Златец (јули). Викендот сончев. Сабота, одамна си планирам да си набавам заштитна кацига за на моторот. Па ајде. Палам моторот и исправам патот до првата продавница, едно 20 километри, каде го има тиа саканиот модел. Тоа тука е, у нашето маало, оп од воа патче, оп преку ваа пресека и ете не таму. Кацигата ја има, големината одговара, е бојата! Бојата не е тоа шо го сакам… Пријатната и услужлива продавачка која се гледа дека работе само заради тоа шо се нафанала да работе за таа плата, беше преоптоварена со мојата молба да најде дали ја има саканата боја во магацин или во продавницата во Цирих. Минути и минути штракаше на тоа компјутерот на Интернет страната (барем беше стварно таа фирма!) за на крајот ЉУБЕЗНО да каже дека нема. Нејси.
И викам ајде ќе размислам.
И размислив, викам сабота, убав сончев ден, Цирих, еве дека е, ни 50 километри од сега каде шо сум. На времето за кациги одеме у Солун или па дури и до Трст!!! Го јавнаме моторот и правец Цирих, и си викам, шо ќе брзам до таму кај шо сум намислил, можам попат уште неколку продавници за моторциклистичка опрема да посетам.

По патиштата шо да ви расправам?!?!? Од ден во ден се пожална е ситуацијата на патиштата во Швајцарската Конфедерација. Условено од глобалната ситуација настаната од Короната вирусна, цела Швајцарија т.е. сите швајцарци се дома или поточно речено по патиштата на Швајцарија. Од “тетки“ во “Ренџ Ровери“ кои упорно ја газат средната линија, преку бициклисти кои мислат ако имат гаќи со сунѓер дека се Канчелара па сите морат да им прават пат на нивниот му замислен тренинг, до трактористи кои не само шо ќе ти улетат на сред пад од некоја нива, туку и сето ѓубре од приколката ќе му се истресе пред твоето предно тркало.

И недела, ден за одмарање уживање и дејствување во областа на хобито шо си го имаш. Ставаш пииш кафе, пииш уште едно кафе и планираш моторот да го извозиш, а попат и некоја фотографија да направиш …
Тргнав, не ногу “мотивиран“, саботното возење ич не ми легна.

А недела, не е само мој слободен ден,туку сигурно уште на 7 милиони швајцарци. Па добар дел од нив истото го имале на ум, зимај возилото и попат…

Не. Не е интересно веќе да се возиш со мотор по природните убавини на Швајцарската Конфедерација. Од ден во ден сај се зголемува бројот на “возачи од ситуација“ на патиштата. А тиа беа одсекогаш опасни, ама сега ги има ногу. Дали на велосипеди, мотоцикли, автомобили, кампери, и уште какви ли не возила, човеци кои постанале возачи само заради да се “дружат“ со другите у таа група (возачи од ситуација), се стварно најопасните учесници во сообраќајот. Од една страна шо не го познаваат возилото, а од друга страна шо се преоптоварени со целата ситуација.

Не. Нема да возам следните викенди со моторот по патиштата на Швајцарската Конфедерација. Ќе си барам друго хоби, ќе се занимавам со други работи… само да најдам каде нема ногу гужва. Тешко ќе биде.

И така групите на граѓани од кои се плашам порасна за уште една група.

Покрај возачите на автобуси, кои возат полека за да стигнат на време.

Младите “самостојни“ службенички (на свои 30 години и 78 кила, кои очигледно немат никој друг во својот живот) кои се осеќаат како најважните личности од пекарите па до касите на супермарктетите, кои со својот статус те плашат и ако кажиш нешто може да завршиш у Страсбург.

Сега и виа. Децата кои сакат да се мешат у секое оро, ги бивало за тоа или не…

Тоа е тоа, ако ти дадат (или земиш) возило, не значи дека те бива тоа возило и да го користиш. Ама пусти социјален живот т.е. живот на социјалните мрежи…

А да, кацига си купив.