НОВА ТУРА – НОВА АВАНТУРА!!!

… kinoreife 12 Bit 8K-RAW-Videos über die gesamte Sensorbreite der Kamera auf….
 или: 12Bit 8K RAW видеа во кино квалитет снимени од целата ширина на сензорот на фотоапаратот…
Така продолжува и во видеото за реклама на ФОТОкамерата Canon EOS R5 (а до душа и за сите денешни “фото“ камери) два три збора за фотографските перфоманси , две три фотографии и пооослеее каа ќе а развлечат за видео способностите на ФОТОкамерата, мене ми се зборавува право да ви кажам.

90-тата година од минатиот Век. Со возна карта во книжна форма пристигнав у Швајцаријата. Од “техника“ со мене имав само еден дигитален саат кој покрај бројките на ЛЦД дисплеј и класични стрелки имаше.
Од втората или третата плата си купив Minolta Dynax 5000i со два објективи, блиц, торба и две додатни програми (во форма на денешните СД-карти) за снимање на пејсажи и портрети!!!
Дека ќе биде Minolta (за тиа шо не знаат, темелот на денешните SONY фотокамери) одлучи фактот дека во тој момент, почетокот на 90тите години од минатиот век, Minolta нудеше најдобар Аутофокус а и со виа картичките за додатни алгоритми интересна играчка… Во тоа време ниту аутофокусот ниту програмските автоматики, па и ниа на додатните картички, ногу не не воодушевуваа, штракаме како што беме до тогаш навикнати – рачно (мануелен модус!!!)

94-тата година на минатиот Век повторно побуди интерес новинка на пазарот на фотокамери. Canon  се разбуди и на пазарот ја изнеси EOS 5. Камерата која петте аутофокусни точки можат да се активират само со поглед од окото!!!
АЈДЕЕЕ, пак една плата отиди, овој пат за промена на системот. И од тогаш до ден денешен уште штракам на Canon, условено од компатабилноста на системот и “нечуствителното“ преминување на поновите продукти…

Во меѓувреме техниката се повеќе се подобруваше, а цените се повеќе беа пристапни… И така сега фотографирам со солидна дигитална камера и исто така висококвалитетни објективи. И задоволен сум.

Ама еве дојде Лето Господово 2020-то.
Canon,  после неколку години “дремење“ најавува сензација на фото-пазарот.
Јас како љубител на фотографијата и новите технологии се заинтересирав за воа ново машинче Canon EOS R5 !

Ама Canon EOS R5 нема да само чекор, ГОЛЕМ ЧЕКОР напред во нови технологии, со Canon EOS R5 се обновува и “политиката на цените“.
Цените на Canon продуктите повторно забегаа нагоре и убавите (новите) продукти повторно ќе бидат само за професионалците исплатливи…

Тука не стига една плата….

Ќе си поштракаме уште некоја година на старата добра технологија, со огледалце…

или ќе си купам телефон кој има СУПЕР  фотокамера ?!?!?