една недела

Ете. Помина една недела од како лпристењето на социјалните мрежи го “стегнаме“ на помалку од еденица.

Импресии и емоции …

Ете. Помина една недела од како користењето на социјалните мрежи го “стегнаме“ на помалку од еденица.
Пробував, стварно пробував да малце го “разубавам“ фацебукот со некоја пристојна фотографија и тоа повеќе месеци. Коментари или “забелешки“ за глобалната ситуација избегнувам веќе со години, ногу неблагодарна работа е тоа. Моментално немам никаква мотивација или потреба да пробувам со промена на Светот.
А Светот тргнат (забеган) у правец шо не ме бендисува мене. И повторно мислачки, да пробам со моите неважечки доприноси за промена кон подобро или да си седам мирно и да не се траќам.
Воа е сигурно, моите мисли и мислачки ќе си ги запишам тука и некогаш може некој ќе ги прочита или јас ќе си се потсетам како било некогаш.
Моментално сѐ е каша/компот. Не се знае кој шо ни однадуе. Со години патувајќи од Македонија до Швајцарија преминуваме разни граници и премрежија. На почетокот беа патничките карти кои требаше да ги имаш у два правци за да стигниш до некаде. После измислија визи и визен режим за одредени етнички групи. После осетија дека криминалците не шетат со визи туку со дипломатски пасоши па ги укинаа визите. И од кога човек ќе помине “сито и решето“ и таман си викаш е ова е Свет по мерка на човештвото, ОП – корона.
Ајде одпоново со контроли и ограничувања и траќање на малиот човек на “земја“. Пак ќе видиш дека си само ронка која треба да си плате данок, некоја казна за брзо возење и ако имаш среќа ќе бидиш искористен за научни цели – т.е. ќе изиграваш живо заморче.
Незнам колку пати го имам ова напишано во моите забелешки, ама ногу е трагично кога хуморот на “Топ листа надреалиста“ и слични, станува сурова вистина. Се смееме на Ѓура и Др. Ноле ама каа после некоја година ти текнува, они да ти биле ѓоа баба Ванѓа, скоро сѐпотрефија. Па после тоа ќе те натера да мислиш дали и ниа, пријателскиот и братски народ од Холувуд, а имаат истата улога – да го спремат човештвото за некој си замислен Светски поредок. Да и од таму идеа филмови у кои еден психопат сака да владее со сите на цел Свет.
Почетокот на деведесетите години од минатиот Век, кога јас дојдов у Швајцаријата имав можност првпат да се сретнам со кабелска телевизија и едно 30 – 40 телевизиски програми кои се повикуваа на дугме, без да вртиш антени !!! Имаше едно 10 – 15 “државни“ канали и останатото првите приватни телевизиски канали од “ѓерманското“ говорно подрачје. На државните, како и на сите програми од југословенските студија, одеше “нормална“ програма. Официјални вести, малку култура и образование, некој филм и малку забава (морам да напоменам, колку и да беа сиромашни тиа забавните емииси, дури сега осеќам дека биле “на ниво“). На тиа приФатните, одеа обично филмови и сега може да се рече “експериментална“ програма. Телевизиски забавни емисии преземени од америката или од некаде каде некоја година порано почнале со експерименти…
И, секој петок и сабота, во касните вечерни саати на прифатните канали можеше да гледаш ефтини порно филмчиња од стилот “Швеѓанки во интернат“ или слично…
Е сега веќе убаво загазени у дваесет и први Век, Демек човештвото напредува и тие “навредувачки и не современи“ формати веќе ги нема на прифатните канали кои во меѓувреме се накај илјада !!! Во сабота навечер ги исфрлија еротско-порнографските содржини и почнаа нас да не ебат у здрав разум.
Сега е “нормално“ да во сабота, а и секој ден, вртат филмови у кои човеците или некои психопати мозокот си го вадат, истепуват по цели села, силуват се шо се движе на две или неколку нози, за да после некој “херој“ а спаси цела ситуација и со надчовечки психички визии ја управе работата. Емисии за култура и уметност, нема. Некои си нови телевизиски формати во кои од неважни работи со неважни личности прават сензации и прават норми да и чавките се на повисоко еволуционо ниво од човеците кои имаат само можност да бидат “ценети“ ако се фанат на нивното оро – КОМПОТ!!!
И ДОЈДИ.
Дојди бреме кога еден човек не контролира. Не, не знам кој е. Ама веќе не му треба печат и амбасада за да ти даде виза за шетање и движење. Сега има ја има у рацете “короната“ и телевизијата, и интернетот, и весниците, и сега сме таму каде траба да бидеме, во кавезот за заморчиња.
Дека можат да не контролират како сакат е докажано. Сега уште малку се работе на тоа како да се работе на “фино, селективно“ контролирање.
Ама поучени од холивудските дела, ќе а управат и таа работа за година – две. Само да го “апдејтираат“ “ковид 19“ во “ковид 21.6“ и ќе не однадуат ѓоа ваквоа.
Доказ за тоа е и губењето на вкус. Сеа прво почнува со вкусот на мирис и вкусот на храната. Покасно ќе ударат они и на вкусот за убаво!!!
Вкусот не се губе од короната, вкусот ни го изгубите со јаболките од Нов Зеланд, со патлиџаните (доматите) од Мароко, со крставиците шо растат на стаклена волна…. со јагодките у јануари, со дињите шо имаат вкус на компир или расипана крставица…. Вкусот одамна нема задача да одлуче дали е нешто добро или лошо. Проблем е сега како да и вкусот го контролираме со директива? Оти вкусот за убавото и уметноста упорно се умртвува со инфлуенцерите, инстант проминентни и важни личности и со медиумите кои служат за “собирање на стадото“ на купче.