нормално, ново нормално…

Излеваш од куќата, со торбичката на рамо и ќесето у рака. И прво шо помислуваш, “ја тАчен ли су даа“? Гледаш саатот, викаш ‘добро утро’ на газда Јакоб кој ги реде кременадлите у месарата за продавање и утврдуваш дека си “тачен“.

Да. Одмор од две недели, и ако “у место“ пак ќе ти направе промени. Почетокот на работата е тежок. Додека не си почнал. После само второто кафе и првиот муштерија, како и никогаш да не си бил на одмор, машинеријата дробе повторно и понатаму…

А одмор, како одмор. Е ваа година – НЕ! Ваа година се навикнуваме на “новото нормално“. Нормално која у опште не е нормално, ниту па лигично. Не убедуват дека сме загрозени од болест, ама јас мислам дека они ќе не заболат.

За време на одморот, прошетаме до Италија. Бевме у туристички места, во кои врие од туристи. Се лигавиме со гелови и алкохоли, носиме маски, а ваму два чекора по лево, си дишиме у тилот.

Се извозиме и на брод, у Швајцаријата. А таму редот, контра од Италија. Во затворениот ресторански простор на бродот не мора да се носе маска, а на палубата кај шо ветер вее и сонце грее мора маска да носиш.

Поминаме неколку кантони, и секаде бевме запознати со “новото нормално“.

До сега годините ги организираме “до одморот“, “после одморот“, “пред нова година“, “после нова година“, секогаш имаме некој датум или од прилика “термин“ за нешто да се почне или заврши. Ваа година – компот! Ниту ти се планира, ниту може да испланираш нешто.

И така ќе се навикнуваме на “новото нормално“ т.е. да вегетираме ден за ден….