Апенцел и јас

Апенцел. Место, регион, кантони во северноисточна швајцарија. На сите нас добро познати по сликите од учебниците, разгледниците и сликите на чоколадата со кои се дефинира “швајцарското“. За да отидиш во Апенцел треба да одиш за Апенцел, некако патот никогаш не те носи преку Апенцел. Сме поминувале лево, десно, одозгора на Апенцел и секогаш сме го оставале некогаш да отидиме…

И така случајот сакал да минатата пролет се праве “бизнис“ у Апенцел, до душа у првото село до Сент Гален, ама у Апенцел. И така Гого тој ден, ја запали моторката и правец Апенцел. За тоа што се сто и кусур километри, а ич не сакав по автопатот до Сент Гален, си тргнаме на време и со ниет да имам доволно време , два – три пати да ја промашам уличката. И како нарачано, времето феноменално. Апенцел светнал како млада невеста. Секој километар, ма секој метар го уживав. Толку убавина и спокој у толку кратко време одамна не беше сум осетил…

После само два дена повторно ист правец, ама по други улички, и ваа пата со колата и приколка… Повторно впивање на убавините до скроз! Дека следната прилика ќе биде целодневна тура по Апенцел беше сигурно после првиот пат, второто возење само ја затемели таа желба.

И бидна. Дојде денот кога одлучив да моето дневно возење биде низ Апенцел…
АМА … чичкото од вестите скроз ја греши временската прогноза. Ветуваше дека утрото ќе биде облачно и магловито, ама дека во текот на денот ќе се разубаве и дури навечер се можни локални плускови… Така и почна, утрото облачно, АМА таман наближив накај Апенцел еве ги “локалните плускови“ скоро на секаде и у секое време низ Апенцел ме пратеа плускови, летни.

Нејси. Немав среќа првиот пат.
Денеска пак, палам моторката и правец Апенцел. Временската прогноза, утрото и дента сончево, приквечер локални дождови… Планот, шо побрзо и по најкраткиот пат да префрлиме преку превојот Швегалп, покрај Сентис право во Урнеш и после да поисшпартаме по Апенцел. Првите неколку километри беа под магла, за да после неколку километри испаднам од маглата и го уживам утринското сонце. И така првите 80 километри помина у магла, сонце, облаци… ама позитивно, без ногу сообраќај по патиштата. И таман завртив правец превојот Швегалп, ОП – СТОП! На таблата напишале, од превојот па до Урнеш патот затворен заради прибирање на кравите од ридските пасишта во шталите по селата во котлините…
Лев жмигавец и друг правец… Со мала заобиколка (околу стотина километри) пак стигнав до Апенцел
И ПАК. Не дожд, ама една тегава магла шо неќе да се дигне цел ден…

И така и по вторпат Апенцел не ми возврати со иста мерка. Како да сака пак да одам.

И ќе одам.