365 цркви!!!

Ногу сакам нов Свет, или стар. Сакам друг Свет.
Свет без корона.
Свет без Трамп.
Свет без бечелер.
Свет без оглупени телевизиски формати.
Свет без инфлуенцери.
Свет без лажни вредности….

Некаде март месец оваа година беше кога осетија дека кораната не е “пичкин дим“ па донесиа вонредни мерки. Не се ракувајте, не се гушкајте, миете ги раците убаво и држите растојание…

Како некое проклетие, таа прва недела со вонредни мерки, у сепарацијата каде што јас работам, помина се живо и диво шо на муштерии познаваме и услужуваме. Стотици разни тресокурци се изврвиа, требело или не требело.
После тоа намалија посетите од разни муштерии, ама неколку “верни шофери“ упорно паузите за појадок ги поминуваа кај нас во кантината и ако таа е “два на три“. По препораките на Државниот здравствен завод на таа површина беше кнап и за нас двајцата, ама имаше денови кога ќе се собериме и по пет – шест души и расправаме како ДРУГИТЕ се однесуваат неодговорно спрема мерките на Владата….

Така беше до пред една недела. Плакатата за не користење на кантината уште е на вратата и сите ја игнорираа… Да, до пред една недела. Едно утро минатата недела заѕвони телефонот и на колегата мој му беше соопштено дека неговиот син е позитивно тестиран на корона и дека тој мора одма да оди дома во изолација, десет денови. И така бидна. Он одма замина, ме остави мене сам со растропаните машини и “растурени“ за големите пред зимски припреми.
Не, не е првпат да јас или он сам недела – две, да сме во сепарацијата и ги вршиме основните работи. Ама првпат е да едниот ја напушти сепарацијата која не е спремна за така… Нејси, поминувачка нека има.

ДА. И како секоја пауза за појадок до сега повторно дојдоа шофер – двајца, да го пиат гратис кафето у нашата кантина. На прашањето каде е Петар, “убаво спакувано“ одговарав дека “поради корона мора дома да седи во изолација“, без никакви поединости, дека он не е  заразен и нема симптоми и дека седи дома поради позитивниот тест на син му кој исто така скоро и да нема симптоми…

И мир. Толку. Од тогаш ниту за појадок на кафе, ниту за ручек за мокробрановата, шофер не застана тука. Идат, истоварат, товарат, и заминуват. Дури и муабет не им се праве, на до сега најголемата група на филозофи – шоферите.

Тука осетив колку општеството станало општество на “пизди“.
Ќутат каа пизди, се кријат каа пизди… И како човек ќе се загледа околу себе, гледа дека тоа е “нормална појава“.

Може, сигурно може да се најде по културен збор или по соодветен термин. Ама фактот дека преминуваме у “општество на пизди“ нема да го смени. Неколку пати имам утврдено дека ако ние како човеци или да не речам како нација, ако нас не снема, тоа ќе биде само од “учтивост“ демек. Појавата да насекаде, по кафаните, по седенките, на социјалните мрежи, се силиме и расправаме теории и норми ама ако дојде ред на некој да му се каже во лице дека греши, дека прави неубаво, е тука, тука “ќутиме ѓоа пизди“.

Не еднаш ми се има случено, да на моето омилено социјално поле за натпревар помеѓу народите – фцебукот, ми избршат коментар, ме блокираат или ме изнавредат други “профили“, ако конкретно укажам/напишам за грешка, за завера или лага…
Подучени од нашите баби, уште се бориме со ноа “ами нуме сега против него тоа, знаиш ли каа вујко му ни помогна каа требеше да…“ ОИТЕ БЕГАЈ ТЕ БЕ!!!

И се додека живееме со лажна почит и понос, караваните ќе си одат, кучињата ќе си лаат и кај нас ќе остануват само лајната, караваните робата кај другите ќе а однесат…..