300 со 50 !

 

Во декември 2019 при проверката на мојата фото опрема со ниет да се набави некое ново парче, во рака ми дојди камерата на професорот Веле на која јас ги учев првите “тајни“ на фотографијата. Солидна руска машина “WERRA“ со објектив изработен од “Carl Zeiss“. И тука, на објективот, ги видов бројките: 50 и 2,8. И се размислив. Со таа камера “истераме“ неколку одмори и добар дел од младоста. Со една камера и да, со еден единствен објектив. Јас кој во последно време, веќе неколку години, и така само со една камера и еден објектив шетам по градовите, планините и на моите возења со моторот, зошто би ми бил нов објектив или нова камера?

И така се “роди“ »проектот 20/50«

На камерата го монтирав 50мм објективот и СИТЕ други ги прибрав во торбата.
И се одлучив да летото Господово 2020-то го претерам само така. Со еден објектив.

И еве, после 300 денови, можам да кажам: ДА, ми фалат зум објективите. ДА, ногу работи не ни пробувам да ги фотографирам. ДА, во ногу ситуации сум рекол, “ајде, од година ќе го фотографирам тоа…“

АМА!!!

Во ногу ситуации, “ограничувањето“ ме натера да размислувам “пошироко“!
Во ногу ситуации повторно се чувствував како фотоаматер.
Во ногу ситуации преработија “табелите“!!!

Во секој случај, едно ГОООЛЕМО, убаво и позитивно искуство. Искуство кое трае еве веќе 300 денови, во кои денови ниту еднаш не сум зажалил и кое искуство уште 66 денови ќе го уживам.

Ама ќе дојде и први, први, дваесет и права. И ПРВО шо ќе го направам, мислам е, дека ќе го оставам 50мм објективот уште да ја храни камерата со светлина… Нема да се брзам да ставам зум или некој друг објектив, Да, некој од зум објективите  ќе се монтира при првата прошетка или најкасно со првото возење со моторот. И да. Ќе се набави нов објектив, ама за тоа покасно. За тоа ќе треба прво да најдам објектив кој ги задоволува моите барања, сите две! Да е квалитетен и да не е тежок. Зошто после ова убаво искуство, јас и понатаму ќе бидам фотограф кој шета само со една камера, еден објектив, некој филтер и … толку.

Да, како шо реков, веќе неколку години се одкажав од влечење на неколку килограми фотоопрема, само заради тоа шо МОООжеби за една фотографија ќе ти притреба теле-објективот…