Без вкус…

Бели ЛЕД-светилки, темни утра, новозаразени од корона, Трамп или Бајден….
Се еба сета есенска романтика!
“Насмијеши се“ од Дивље Јагоде врте на ЦДто во автомобилот и пробува да колку толку ја изваде ваа ситуација.

Веќе неколку денови радиото не ме буди во 05:30 часот. Заедно со зимското сметање на времето го поместив будењето во 05:33 часот.
Дечките од моето омилено “radio sunshine“, ја имат таа глупа навика да во 05:30 ги читаат првите вести на денот. А мене преку ваквоа ми е дојдено од корона вака, корона нака… Не дека ногу ќе избегнам контаминацијата со вести за короната ама не мора тоа да биде првиот збор во денот.

Оваа есен посебно се осеќа “напредокот“ на човештвото. Оваа есен првпат светнаа белите ЛЕД улични светилки низ Цуг, Валхвил … па и така “ладната“ и грозна магла ја оладуваат уште повеќе. Само уште Арт и Обервил (половина) се осветлени со “романтичните“ жолти латерни кои колку толку зрачат некоја топлина. Така, полека, полека, ни ги уништуваат сите мали задоволства. Пред некоја година почнаа со вкусовите, сега воа шо викат дека поради короната го губиш осетот за вкус и мирис и не е толку драматично. Преди ногу години памтам кога за нова година некој ќе купеше мандаринки и излупе да јаде, абе сите комшии ќе осетеа кој се “одпуштил“ малку… Сега јадиш банани со вкус на диња, диња со вкус на тиква, тиква со вкус на крставица (без сол), … важно за сѐ плаќаш “ексклузивна цена“ затоа шо го има низ цела година!!!

Се менуваат ногу работи. Само секоја есен никако да изгинат ниа “нинџите“ по патиштата, човеци, пешаци, кои упорно се облечуваат во шо може по темни алишта и кои 99,4% од светлината ја упиваат, па ти ококори ги очите насабајле у темното да не согазиш некој таков! А да, и ние фините возачи на автобуси кои се влечат од станица до станица шо пополека за да не стигнат пред време на следната станица, оти на три станици по ред не застанале….

И да. Ќе се радуваш на викендот и убавото време, да испадниш, да прошеташ далеку од цивилизацијата, помеѓу дрвјето и калта, или, да земиш моторот и возиш преку 7 гори и 7 реки …..
Тогаш, тие неколку саати душевно чистење ги уживаш и се надеваш дека ќе тлеат неколку денови додека пак имаш прилика да избегаш од секојдневието кое ти го кројат, другите.