од едно друго време

89та кога дојдов у Швицарска, бев горд што доаѓам од Југославија. Не само заради тоа шо како југословен освен „црвениот пасош“ друго ништо не ти требеше, и не за фактот дека имаме неколку стотици илјади „земљаци“ у швајцаријата.
После некоја година беме горди шо сме Македонци, дека сме дел на еден народ кој без утепувања се одели од браќата си југословени.
Се организираме и ја презентиравме Македонија, Македонската култура и традиција. Собираме средства за помош и развој…

Денеска ме прашува еден човек:
– од каде си?
Му одговарам:
– од Арт.
Он и понатаму упорен:
– ама мислам потеклото, од каде си дојден?
Ми се извртија филмови од 30 и кусур години, го погледнав во очи, па му викам:
– јас сум од едно друго време! 

И толку, не продолжи да прашува. Изгледа осети дека не ми е до муабет, а уште помалку за објаснувања.
Македонија?!?!? Како да а објаснам? Шо учеме за неа? Шо читаме за неа? Шо ни раскажуваа за неа? Шо направиме од неа? Шо остана од неа???