триста триесет и три (или со бројки 333)

28-ми ноември, лето Господово 2020-то. 333-от ден во оваа висококосна и заебана година. Бидејќи беше сум одлучил да во годината 2020 само со еден објектив (50 мм објектив) фотографирам, сакав овој ден, со кој поминуваат 333 денови и после кој остануваат уште 33 денови до крајот на годината, некако да го одбележам. Па така ми текна дека можам да го “забележам“ со 333 фотографии.

И бидна.

Направени се 333 фотографии, онака, како што во “нормални услови“ фотографирам. Фотографирани се мотиви кои треба да бидат “готови“, фотографирани се мотиви кои треба мала коректура ( ама овој пат тоа нема да го правам), фотографирани се фотографии шо уште на штракањето знаиш дека “ништо од нив“…
Ама повеќето од 300 денови фотографирање со 50мм го направија своето. Рутината е веќе тука и се концентрираме само на “фокусирањето“. А фокусирањето со стандарт објектив, бара одење, убаво одење!!!

Еве на 33 денови пред крајот на проектот »50мм« можам со сигурност да тврдам дека НООГУ ми помогна да повторно размислувам по фотографски терк!
Не дека сега само така ќе се оде, до душа и до сега “шетав“ само со една камера и еден објектив, времињата кога по прошетките влечев десетина кила на опрема, одамна поминаа.

За следната година се спремни нова камера и нов објектив, и мислам дека со овогодинашново искуство не ќе морам ногу објективи да менувам…
Се изнаслушав разноразни курсеви, вебинари, реклами и разни експерти, и сфатив дека сето тоа е една машинерија која за лични интереси проповедаат рајски свет…

Интересно е тоа како човек се заситува од некои работи. Ја на пример, пред ногу години бев обожавател на комедии, после на научнофантастични, па на криминални серии. И сите тие веќе ми се “БЛА…“
Така и со виа на јутубе “експертите“ за фотографирање. Има неколку “убави“ човеци кои пред некоја година убави совети даваа или некоја финта ќе кажат. Ама со годините и со “притисокот“ од повеќе “експерти“, произведуваат полека само шунт.

Исто така, новата мода или појава, за да во хипер “продукцијата“ на фотографии некако се одвое товајта фотографија треба да побараш “помош од пријател“ – обично фотошоп, лигГХтруум или слично. Да тоа е новото, “фотокомпозер“. Исто како шо не се уче за автомеханичар, туку за махатроничар. Занаети исчезнуваат, се појавуваат нови, ама понекогаш уште сме убедени дека “порано сѐ беше подобро“!