Црно-бело во боја….

Госпоѓата Холе (Frau Holle) го испушти целиот свој раскош преку ридјето и полињата на Швајцарската Конфедерација. Па така зелената Швајцарија се претвори у бела убавица, како млада невеста.
Сите фотографи испаднавме да ја забележиме и овековечиме оваа убавина, која доаѓала еднаш у дваесет години и која ја имавме пред две, пет, осум… години.
Испаднавме со дигитални, аналогни камери, со стативи, без стативи, со филтри, со целиот арсенал за “цртање со светлината“, АМА и, сите со топли капи и нараквици…
Јас како љубител на фотографијата и хоби фотограф секако ОДМА ги споредувам моите фотографии со фотографиите кои се во оптек на фацебук, инШтаграм, “& Co“.
И ододма ми станува јасно дека моите фотографии се во третата или четвртата група по убавина… 
Од доставените фотографии на погоре спомнатите социјални мрежи човек (поточно човек упатен во фотографијата) може да утврди дека постојат три или четири врсти на фотографи. Случајни патници, “пензионери“, фотошописти, или и такви кои се мешавина на две од претходните групи.
Искрено кажано, криво ми е што се осеќам како “член“ на првата група “случајни патници“.
Би сакал да бидам во втората група “пензионери“, не пензионер како кој зима пензија и има 65 и + години, туку како пензионер кој го има целиот Божји ден на располагање. Па било тоа и да е за фотографирање…
У Ф’тората група, ногу лесно човек може да биде. И јас ги имам тиа фотошоповите у неколку врсти. Ама јас ги користам за кога и покрај вклучената либела, фотографијата пак ми е настранета. Или кога автоматиката на фотокамерата ќе “забега“ со природните бои. А и малку да се осветли или дотера светлината, (обично фотокамерата е направена да малку потемно фотографира… фотографирам со третина или две бленда одколку што “препорачува“ автоматиката на камерата).
Фотографиите од групата на фотошопистите стварно се убави и побудуваат емоции и го прават Светот онака како сакаме да го видиме, доживееме. Но понекогаш илузиите не носат во погрешен правец. Со времето тие “слики“ се врежуваат во нашата подсвест и после мислиме дека Светот е таков каков што е на “инШтаграм“!
НЕ, Гого ќе си остане “случаен патник на овој Свет“ кои ги пренесува неговите убавини, реални, какви што ги гледа со окото пред да направи “шкрап“.
НЕ, нема да се лутам ако моите фотографии немаат ни десетина “лајкови“, за тоа што јас не фотографирам за “лајк“, ама морам да признаам дека еден “лајк“ од некои личности ми значат како сто кој некој ги добива од “приатели“ на кои ни името не им го знаат!
ДА, и понатаму ќе ве труам со реални фотографии…

фотографии »»»